Како пушењето влијае на вашето здравје?
Најчесто од навика, но и кога се под стрес луѓето пушат со надеж дека цигарата ќе ги смири или опушти. Со текот на времето кај луѓето се создава навика од никотин и едноставно не можат без цигари. И најсилните карактери попуштаат пред ова мало задоволство поради кое страда најбитната работа во животот – нашето здравје! Пушењето во моментов е водечка смртна закана која покрива дури 25 проценти од вкупниот број на смртни случаи. Оваа лоша навика влијае фатално врз секој орган од човековото тело и предизвикува многу болести. Дознајте ги штетни последици ги предизвикува пушењето, но и придобивките кои ќе ги почувствувате доколку се откажете од оваа лоша навика.