Избришете ги брчките од вашето лице

Брчките на кожата најчесто се првиот знак на стареење или, пак, знак дека вашата кожа реагира на надворешните фактори. Нивната појава не може да се спречи, но со правилна грижа и нега на кожата, нивното појавување значително може да се одложи. Со текот на годините кожата старее, се намалува еластицитетот и почнуваат да се создаваат брчки околу лицето.