Невралгија – болка како последица на оштетен нерв
Невралгијата е мошне силна и неподнослива болка која е понекогаш придружена со отрпнување на дел од лицето или телото. Овој тип болка настанува како последица на директно оштетување на нервот. Во зависност од тоа кој нерв е зафатен и што е причината на оштетувањето/надразнувањето на нервот, зависи и местоположбата на болката. Болката се појавува во инервационото подрачје на нервот.