Аневризма на мозок
На местата каде се делат големите крвни садови во мозокот може да постојат „темпирани бомби“ аневризми, кои никогаш не се знае кога ќе „експлодираат“. Аневризмите или проширената артерија најчесто се вродени аномалии што може да се присутни подолго време кај пациентот, а тој да не чувствува никакви симптоми. Според проф. д-р Јовица Угриновски, неврохирург, аневризмата многу ретко може да се дијагностицира на рутински прегледи бидејќи не манифестира никакви симптоми. Во голем број случаи се открива кога ќе прсне и прокрвави, а ваквата состојба е опасна по животот за пациентот.