Што се случува во нашето тело при покачен крвен притисок?

Хипертензија или висок крвен притисок преставува голем здравствен проблем. Најчесто се јавува кај повозрасната популација, но со модерниот начин на живот, исхрана, стрес сè почесто од оваа болест заболуваат помладите.

Што предизвикува хипертензијата?

Нормалниот крвен притисок се движи до 120/80, доколку резултатите ја поминуваат оваа граница, со тек на време можат да укажуваат на хипертензија. Во повеќето случаи главната причина за хипертензија не е позната. Повисокиот број односно (систолен) го покажува притисокот додека чука срцето, а понискиот број (диастолен) го мери притисокот во паузите помеѓу отчукувањата. Понекогаш, заболувањата во бубрезите или надбубражната жлезда можат да доведат до хипертензија.

Магнезиум за здраво срце

Калиумот е важен за здравјето на мускулите, но дали знаете дека магнезиумот е важен за здравјето на срцето? Тој е есенцијален минерал кој помага и за здравјето на коските, нервите и мускулите, како и за контрола на шеќерот во крвта. Освен овие придобивки, магнезиумот е од суштинско значење за срцевиот ритам и одржување на нивото на крвен притисок.