Интервју со д-р Марјан Димитровски, кардиолог – Кардиоваскуларните болести се епидемија на 21.век

Зошто сè почесто се зборува за кардиоваскуларните заболувања и зошто е зголемен трендот на нивна појава?

Кардиоваскуларните болести се болести на срцето и на циркулаторниот систем  и според клиничките манифестации може да се поделат како болести на срце или исхемични болести на срце, цереброваскуларни болести и болести на периферната циркулација. Според овие клинички манифестации имаме и различни симптоми. Фрапантните бројки на пациенти кои секојдневно се дијагностицираат со болест на кардиоваскуларниот систем е аларм дека мора да се направат напори за намалување на појавата на истите. Повеќе од 50 % од светската смртност отпаѓа на овие болести, околу 17 милиони годишно пациенти умираат од кардиоваскуларни болести во светот или во Европа околу 6 милиони годишно.