Револуционерен третман на зголемена простата

Простата е дел од репродуктивниот систем на мажот. Ако во младоста и во зрелото доба таа е дел од сексуалностa на мажот, во поодминатите години на животот таа станува неодминлив здравствен проблем безмалку на секој маж. Токму поради ова грижата на мажот за оваа мала жлезда во форма на костен, сместена под мочниот меур, чија улога е да лачи бистар „сок“ кој е дел од семената течност при ејакулација, е оправдана. На најчесто поставуваните прашања за проблемот со зголемена простата разговаравме со проф. д-р Љупчо Лековски, хирург уролог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.