Д-р Обочки: Антибиотиците не делуваат при грип
Зимата е период кога граѓаните се подложни на настинка и грип. Најпогодена група од популацијата кај која се појавуваат симптоми на грип се децата. Првата станица каде треба да се обратите се лекарите, кои ќе ви објаснат за симптомите и начините на лекување, а ќе ви дадат и совети за превенција и заштита од ширење грип. На оваа тема разговараме со доктор Катерина Обочки, педијатар, пулмоалерголог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Внимание – почнува сезоната на настинки!
Настинката претставува лесна или умерено тешка, краткотрајна инфекција на горните дишни патишта. Постојат околку 200 различни видови на вируси кои можат да бидат причинители на заболувањето. Со првите постудени денови во годината, почнува и сезоната на настинки, инфекции на кои доенчињата и малите деца се особено чувствителни. Честата појава на настинките во раната возраст се […]