Што се полипи во носот?
Носната полипоза е често заболување кое се јавува кај 1-4 % од населението, со тенденција на пораст. Се манифестира со појава на бенигни, безболни, меки гроздести формации кои ги исполнуваат носот и параназалните синуси. Најчести причинители на носната полипоза се инфекции, алергии, астма, преосетливост на лекови или имунолошки заболувања. Медикаментозната терапија може да ја подобри состојбата, но често е потребно и хируршко отстранување на полипите. Дури и по успешен третман, понекогаш доаѓа до повторен раст на полипите.