Радиотерапија (терапија со јонизирачки зраци)

Технолошки гледано радиотерапијата е дисциплина со најголем подем во последните години. Благодарение на модерните техники на зрачење и најсовремените технолошки апарати добиени се успешни резултати во лекувањето на канцерозното ткиво. Кај пациентите со примарни и секундарни тумори на `рбетниот столб и `рбетен мозок радиотерапијата се применува најчесто пред и по оперативната интервенција со цел да се добијат […]

Хемотерапија (терапија со лекови)

Хемотерапијата има за цел да ги уништи канцерогените клетки кои растат неконтролирано поради некои промени во своите структури. Во повеќето случаи целта е да се убијат канцерогените клетки лоцирани во `рбетниот столб или `рбетниот мозок со препишување на неколку лекови кои делуваат преку разни механизми. Хемотерапија се применува пред оперативниот и по оперативниот период со цел […]

Микрохируршки интервенции

Во Спиналниот центар во „Аџибадем Систина“  искусниот тим хирурзи успешно ги отстранува и помалку достапните тумори со минимален ризик  од оштетување на нервите. Благодарение на софистицираниот микроскоп неврохирурзите може полесно да направат разлика од туморот и здравото ткиво и на тој начин да ги сведат на минимум  компликациите по интервенцијата. Покрај туморите, микрохируршки се третира и […]

Интраоперативен неврофизиолошки мониторинг

sistina

Кај сите видови хируршки интервенции се користи неврофизиолошки мониторинг со што се овозможува прецизна локализација на нервите, нервните патишта и јадра во `рбетниот мозок. Благодарение на овој софистициран мониторинг, хирурзите имаат прецизна слика на `рбетниот мозок со што шансите за повреда на нервите и останатите структури се сведени на минимум.

Хируршко отстранување на инфекции

sistina

Потешки случаи на неспецифични (гнојни) и специфични (туберкулозни) инфекции на `рбетот се лекуваат со хируршки третман. Во текот на процедурата се отстранува инфицираниот дел од `рбетот до здраво ткиво. По ова се спроведува реконструкција и фиксација на `рбетниот столб. Полесните инфекции се решаваат по неоперативен пат, најчесто со антибиотици по антибиограм.

Третман на примарни и метастатски тумори на `рбетот

Голем број тумори од телото даваат метастази во `рбетот. Во третманот на туморите на `рбетот се применува онколошки, радиотерапевтски и хируршки третман. Туморите најчесто се лекуваат по оперативен пат бидејќи се екстра маса (туморска маса) која го разорува прешленот што е придружено со болка, а може да доведе и до патолошка фрактура, што предизвикува нестабилност на […]

Повреди на `рбетот

sistina

Акутните повреди на `рбетот, особено ако се придружени со повреди на `рбетниот мозок, претставуваат тежок хируршки проблем, кој последниве децении сè повеќе се актуелизира. Благодарение на искуството и мултидисциплинарниот пристап, во Спиналниот центар во „Аџибадем Систина“ се лекуваат повреди на `рбетот и `рбетниот мозок, со што се овозможува безболна санација на фрактурата. Тука спаѓаат: дијагноза, […]

Хируршка корекција на сколиози и кифози

Во Спиналниот центар се изведуваат најсовремените хируршки техники во лекувањето на потешки случаи на сколиоза и кифоза. Овие интервенции најчесто се изведуваат кај децата (поретко во инфантилна фаза (1-3 години), а почесто во јувенилна и адолесцентна). Деформитетите поретко се јавуваат и кај возрасните како последица на понапреден дегенеративен процес. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ има богато […]

Спинална фузија

Спиналната фузија претставува процедура која ги третира нестабилностите на ’рбетот кои предизвикуваат болка и деформитети. Процедурата подразбира спојување на два или повеќе прешлени кои се фузираат во една коска. Фузијата ја намалува болката со тоа што го запира движењето во делот на ’рбетот кој ја предизвикува, а притоа на пациентот му овозможува да ужива во […]

Замена на диск

Замената на диск претставува алтернатива за традиционалната спинална фузија. Со оваа процедура оштетените, повредени или дегенеративни дискови се менуваат со вештачки.Вештачкиот диск е направен од полиетиленско јадро  сместено меѓу  завршетоци, кои, пак, се направени од легура од кобалт и хром. На овој начин, прешлените повторно се враќаат во својата првобитна положба, при што се заштитени […]