ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРЕВЕНТИВЕН НЕОНАТАЛЕН МЕТАБОЛЕН СКРИНИНГ: РАНО ОТКРИВАЊЕ НА 40 БОЛЕСТИ ВЕДНАШ ПО РАЃАЊЕТО НА ДЕТЕТО

„Аџибадем Систина“ почнa со таканаречен метаболен скрининг на новороденчиња со што во оваа клиничка болница се спроведува комплетен скрининг на секое бебе. Тоа всушност е златен стандард во грижата на децата во земји со високо развиен здравствен систем. Претходно со години во болницата се изведуваа и скрининг за хипотиреоза и за цистична фиброза. Новиот тест […]