Spina Bifida
Spina bifida претставува најчест вроден деформитет на `рбетниот столб и `рбетниот мозок. Станува збор за дефект на невралната туба што се јавува за време на интраутериниот период. Ваквиот деформитет настанува во првите месеци во бременоста (17. – 30. ден) при што задниот дел на `рбетниот столб не е затворен целосно. Најчест синоним за spina bifida е […]
Хемивертебра (Hemivertebrae)
Хемивертебра е вид на вродена аномалија што се јавува како резултат на недостиг на формирање на половина прешлени од `рбетниот столб. Најчесто едната половина од `рбетниот прешлен е делумно или целосно развиена, додека другата изостанува. Како резултат на недостатоците во развојот на `рбетниот столб, се развива искривување на `рбетниотстолб: кифоза, сколиоза или лордоза. Најчеста локализација […]
Инфекции на ’рбетот
Инфекциите кои го напаѓаат ’рбетот се ретки, но можат да бидат многу сериозни. Во најчестите инфекции на ’рбетот спаѓаат остеомиелитисот, дисцитисот и епидуралниот апцес. Остеомиелитисот е инфекција на прешленската коска. Дисцитис е инфекција која се јавува во меѓупрешленскиот простор и го зафаќа дискот. Епидуралниот апцес е инфекција која се развива во просторот околу ткивото кое […]
Тумори на `рбетен мозок
крохируршки, со негово целосно отстранување. Доколку е откриен навреме, постои можност за целосно заздравување. Многу ретко се јавува малигна форма. Глиом на `рбетен мозок Овие тумори се локализирани во внатрешноста на `рбетниот мозок. Многу често заедно со нив има и присуство на цисти во ’рбетниот мозок. Симптомите се исти како и кај другите видови тумори: […]
Тумори на ’рбет
Спиналните тумори се абнормални ткива кои се наоѓаат во внатрешноста на ’рбетниот столб или `рбетниот мозок. 90 – 95% се лоцирани во рбетниот столб, додека само 5% од овие тумори го напаѓаат `рбетниот мозок. Спиналниот тумор кој се раширил од друг регион во телото се нарекува секундарен или метастазирачки тумор. Туморите кои се формираат во […]
Сколиози и кифози
Што е сколиоза? Сколиозата е странично искривување на ’рбетниот столб, кој создава кривина во облик на буквата С или S. Не секогаш има надворешни видливи знаци на деформитетот, но детето се жали на болка во торакалниот и лумбалниот дел од грбот при подолго стоење. Етиологијата често е непозната (идиопатска), а голем удел имаат секојдневните навики […]
Деформитети на ‘рбетниот столб
Коскено-мускулниот систем кај децата во развој под влијание на внатрешните и надворешните фактори е подложен на различни деформации. Наследниот фактор и лошото држење на телото, претешките училишни торби, несоодветното и долго седење на училиште и дома, недоволната физичка активност доведуваат до нарушување на статиката на ’рбетниот столб, што резултира со појава на сколиози и кифози. […]
Дискус хернија
Секој меѓупрешленски диск е составен од цврсто ткиво (прстен) исполнет со мек гел (јадро). Прстенот е составен од лигаменти со кои се поврзани прешлените. Јадрото во најголем дел е составено од вода и има улога на амортизер – го ублажува триењето на прешлените. Кога прстенот на дискот се оштетува и напукнува, тогаш мекото јадро може […]
Ишијас
Ишијасот е болка која зрачи низ ишијадичниот нерв (n.ischiadicus), голем нерв чии корени почнуваат во долниот дел на грбот и продолжуваат кон задните делови на нозете. Иако ишијасот може да биде многу болна состојба, ретко се случува да предизвика трајно оштетување на нервите. Ишијасот најчесто е предизвикан од воспаленија кое се јавуваат како резултат на […]
Остеопороза
Остеопорозата е заболување на коските кое ја намалува густината и квалитетот на коскеното ткиво. Скршениците на коските кај овие луѓе можат да се случат и при најмала траума или оптоварување. Најчесто скршениците се случуваат на прешлените на ’рбетниот столб, бутната коска или рачниот зглоб. Ризик фактори Најчести ризик фактори за појава на остеопорозата се – […]