Лекување со радиоактивен јод
Радиојодната терапија е постапка на лекување на одредени болести на тироидната жлезда со радиоактивен јод I-131. Д-р Лилјана Муратовска, специјалист по нуклеарна медицина, објаснува дека терапијата со радиоактивен јод I131 е нуклеарно медицинска процедура за третман на хиперактивна тироидна жлезда и на состојба по операција на одредени типови карциноми на тироидната жлезда.