4 Здрави продукти за кои сте мислеле дека се штетни

Која храна сметате дека ја расипува вашата диета?

Новите истражувања докажале дека одредена храна за која досега се сметало дека е опасна помага во редуцирање на стресот, ги превенира болестите на срцето и ве штити од одредени видови карцином.
За жал, штом една храна ќе се обележи како „лоша за вашето здравје“ речиси е невозможно да се смени мислењето – дури и кога новите истражувања го кажуваат спротивното. Но, вие може да го промените овој тренд. Еве 4 производи кои треба повторно да ги вклучите во вашата диета.

Јајца

Старо мислење: Јајцата го зголемуваат холестеролот и ризикот од кардиоваскуларни болести.
Ново мислење: Јајцата се полни со антиоксиданси, протеини и хранливи материи кои се основа за добро здравје. На пример, една студија од 2011 година вели дека редовна конзумација на јајца помага во редуцирањето на ризикот од кардиоваскуларни болести и канцер благодарение на високото ниво на антиоксиданси кои ги содржат. Дополнителни истражувања покажаа дека јајцата може да помогнат во намалувањето на крвниот притисок. Најновото истражување вели дека јајцата можат да се вклучат во здрава исхрана за срцето без негативни последици од холестеролот и зголемена тежина. Сепак, како и секоја храна, така и јајцата (особено жолчката) треба да се јадат умерено.

Ореви

Старо мислење: Оревите дебелеат.
Ново мислење: Која било храна која се конзумира во преголеми количини ја зголемува тежината. Но, кога се јаде во умерени количини протеинот и здравите масти кои се наоѓаат во оревите всушност можат да помогнат во губење килограми. Освен за слабеење, јадењето ореви го намалува ризикот за срцев и мозочен удар. Оревите содржат омега 3 масни киселини кои се одлични за срцето.

Чоколадо

Старо мислење: Благото е опасно по здравјето
Ново мислење: Мислењето дека чоколадото е штетно е точно, но тоа важи само за оние кои содржат многу шеќер. Но, темното чоколадо со процент на какао над 70% е полно со флавноиди, истите корисни состојки кои се наоѓаат во бобинки, црвено вино и чај. Околу 30 грама темно чоколадо на ден го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, а 50 грама можат да го намалат стресот.

Компири

Старо мислење: Сите видови компир дебелеат
Ново мислење: Компирот има улога во намалување на ризиците по здравјето. Според една студија од 2012 година, компирот помага во намалување на крвниот притисок кај дебели лица без да ја зголеми нивната тежина. Дополнително, компирите природно се богати со влакна и речиси немаат маснотии. Благиот компир, пак, се наоѓа на врвот кога станува збор за количината на хранливи материи кои ги содржи. Но, сепак, треба да внимавате компирот да го јадете варен, во спротивно нема да ги почувствувате неговите позитивни ефекти врз здравјето.
 
Сподели:

  • Добивај известувања за новости!