4 најчести прашања и одговори за акните

Акните како најчест проблем на кожата се јавуваат кај 85 % од младата популација, но може да се забележат и кај повозрасните лица меѓу 30 и 40-годишна возраст. Во пубертет или подоцна акните претставуваат голем естетски проблем. Во продолжение ви одговараме на најчестите прашања за акните.

Акните како најчест проблем на кожата се јавуваат кај 85 % од младата популација, но може да се забележат и кај повозрасните лица меѓу 30 и 40-годишна возраст. Во пубертет или подоцна акните претставуваат голем естетски проблем. Во продолжение ви одговараме на најчестите прашања за акните.

1. Што се акните?

Типичната акна може да биде воспалена, со црвена боја и жолт врв, или невоспалена во форма на мало мозолче, отворени комедони т.н. црнки и затворени комедони т.н. митесери кои понекогаш можат да се појават во поголеми форми. Акните најчесто се појавуваат на лицето, но можат да се појават и на вратот, рамената, деколтето, задниот горен дел на рацете, грбот, како и на задниот дел од главата.

Акните многу често може да бидат причина за намалување на самодовербата, а како резултат на тоа значително се нарушува квалитетот на живеење и социјалните аспекти на личноста. Поради овој факт, нивното рано откривање и третман е од големо значење. Познато е дека акните понекогаш може да манифестираат и постоење на други болести. Дијагнозата мора да биде поставена од страна на дерматолог (специјалист за кожни болести) и тој мора да го контролира лекувањето.

2. Како се создаваат?

Акните се создаваат како резултат на затнати пори од прекумерно лачење на себум и мртви кожни клетки, а може да се појават и како резултат на влијанието на машките хормони кои се присутни кај двата пола. Црните и белите дамки на кожата се појавуваат како резултат на зголеменото лачење на хормоните со што се создава поволна средина за развој на бактерии. Со текот на времето слојот околу влакното може да предизвика воспалени или невоспалени мозолчиња. Треба да се знае дека акните не се заразна болест. Најчесто причина за почеста појава на акните кај младата популација е стресот, а кај женската популација акните особено се јавуваат за време на менструалниот циклус.

3. Дали акните се наследни?

Проблемот со акните во вашето семејство може да биде наследен. Кај лицата кои имаат семејна предиспозиција за појава на ваквата состојба, акните се појавуваат во раната младост и се агресивни. Од голема важност кај овие случаи е започнување со рано лекување.

4. Дали акните може успешно да се излекуваат?

Акните може успешно да бидат излекувани, но сите акни не се третираат на ист начин. За таа цел вашиот дерматолог треба да подготви индивидуална програма за третман. Начинот на лекување и времетраењето се определува според возраста на лицето, општата здравствена состојба и сериозноста на акните, која е во директна корелација со типот на акните. Бидете трпеливи – доколку сакате да го добиете посакуваниот резултат треба да знаете дека третманот е долготраен процес, кој не може да се ограничи на 1-2 недели. Неправилната употреба на лекови (особено орални медикаменти) е сосема погрешна метода во третманот на акни која не дава резултати и воедно може да доведе до нарушување на општото здравје.

За соодветен третман се користат лекови за локална употреба или орални медикаменти, од групата деривати на тетрациклин или еритомицин, хормонални лекови како што се лековите за контрацепција или  дериватите од витамин А, кои се консумираат орално. Во зависност од видот на акните, доколку докторот смета дека е потребно, црнките се вадат, се прави пилинг, се стискаат мозолчињата и се аплицира инјекција со кортизон, и лекувањето се проследува со дополнителни методи како што се ласерските третмани.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!