Сколиозата кај децата е сè почеста во последно време. Огромен број деца се соочуваат со искривувањата на ’рбетниот столб, кои се најчесто предизвикани од тешките училишни чанти и неправилното седење во училишните клупи.
Еве 5 работи кои родителите требаат да ги знаат во случај тие или педијатарот да забележат знаци на сколиоза кај нивното дете:
1. Сколиозата е многу честа појава. Врз основа на едно американско истражување, дури 1 од 40 Американци има сколиоза. Таа може да се развие кај децата и возрасните, но најчесто се јавува кај оние меѓу 10 и 15 години.
2. Не секогаш е потребен третман. Сколиозата се мери во степени на искривување на ’рбетот.
– Искривувањето од 25 степени или помалку не бара третман туку само повремено следење на состојбата.
– Доколку искривувањето е од 26 до 45 степени децата можат да бидат успешно излекувани со корсети и физикална терапија – програм за сколиози
– Искривувањето поголемо од 45 степени бара хируршки третман.
3. Денешните корсетите се ефикасни и поудобни за разлика од тие во минатото. Последното англиско истражување вели дека процентот на успех во лекувањето со корсет е 72% (кај адекватно избрани деформитети) и можност да се избегне операција. Нормално, што почесто децата ги носат корсетите толку се поголеми можностите за успешно лекување. Денешните корсети се лесни и тенки, па лесно можете да ги сокриете под гардеробата. Кога ќе се навикнете на корсетот, тој станува удобен.
4. Благите искривувања (помали од 45 степени) не предизвикуваат долгорочни проблеми. Децата со ваков деформитет имаат нормална активност во случај на адекватно спроведен конзервативен третман.
5. Доколку е потребна хируршка интервенција, подобро порано отколку подоцна. Докторите потенцираат дека сериозните искривувања се влошуваат уште повеќе доколку не се направи навремена хируршка интервенција. Колку е искривувањето поголемо, толку истото е потешко за лекување. Доколку не се третира хируршки до одредена фаза, може да предизвика проблем со дишењето.