5 методи кои ја враќаат надежта за бебе

Благодарение на асистираната репродукција, до сега во светот се родени околу три и пол милиони бебиња. Од 1978 година, кога е направено првото ин витро оплодување и е родена Лујза Браун, до денеска е очигледен огромен напредок на овие техники. Асистираната репродукција се дефинира како „спојување на јајце клетка и сперматозоид со наjдобар квалитет и трансфер на најдобриот ембрион во матката на жената.“ Изборот на ембрион и негов трансфер во матката е процедура која бара добар тим и тимска работа. Д-р Слободан Лазаревски, шеф на Одделот за асистирана репродукција, во продолжение ги објаснува 5-те методи и фактори кои ги зголемуваат шансите за успешно ин витро.

Благодарение на асистираната репродукција, до сега во светот се родени околу три и пол милиони бебиња. Од 1978 година, кога е направено првото ин витро оплодување и е родена Лујза Браун, до денеска е очигледен огромен напредок на овие техники. Асистираната репродукција се дефинира како „спојување на јајце клетка и сперматозоид со наjдобар квалитет и трансфер на најдобриот ембрион во матката на жената.“ Изборот на ембрион и негов трансфер во матката е процедура која бара добар тим и тимска работа. Д-р Слободан Лазаревски, шеф на Одделот за асистирана репродукција, во продолжение ги објаснува 5-те методи и фактори кои ги зголемуваат шансите за успешно ин витро.

1. Assisted hatching

За да се имплантира ембрионот во матката мора да се ослободи од зона пелуцида, тенка обвивка која го опкружува ембрионот. Процесот при кој ембрионот се ослободува од зона пелуцида се вика „hatching“. Овој процес може да биде олеснет на тој начин што непосредно пред ембрио трансферот се прави те- нок отвор на зона пелуцида. „Постојат повеќе методи на ‘аssisted hatching’: механички, ензимски и ласерски. Наједноставен и најбезбеден начин е со ласер бидејќи постапката е многу брза и лесна, а со тоа на ембрионите им се овозможува помала изложеност на услови надвор од инкубатор. Во Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ ја нудиме најсофистицираната техника на ‘аssisted hatching’ со ласер. Прецизен ласерски зрак се насочува на обвивката на ембрионот правејќи мал отвор помеѓу 10-20 микрони со цел да овозможи излегување на ембрионот од обвивката, ‘hatching’“- објаснува д-р Лазаревски.

2. ICSI –оплодување на јајце клетка со еден сперматозоид

ICSI или интрацитоплазматска сперм инјекција е постапка при која само еден сперматозоид се инјектира директно во јајце клетката. За ова е потребен искусен тим на ембриолози, како и соодветна лабораториска опрема. Според д-р Лазаревски, претходно од ејакулатот се издвојува најквалитетниот сперматозоид и со помош на техниката ICSI се оплодува јајце клетката. Кај двете процедури, ИВФ и ICSI, принципот е ист, се собираат јајце клетки од жената и сперматозоиди од мажот и се оплодуваат. Разликата е во методот кој се користи за да се постигне оплодување. „ ICSI е ефикасен метод на оплодување на јајце клетките кога параметрите на ејакулатот не се оптимални или кога претходните методи на фертилизација не даваат резултат. Со помош на ICSI методата и најтешките случаи на машка неплодност, како што е многу мал број сперматозоиди или отсуство на сперматозоиди во ејакулатот, можат успешно да бидат третирани со ИВФ методите. Во овие случаи со помош на одредени постапки сперматозоидите се добиваат од тестисот или од епитидимисот.“

3. PICSI-селекција на зрели сперматозоиди

Изборот на квалитетни сперматозоиди е клучен за успешност на ИВФ постапката. При инјектирање на сперматозоидот во јајце клетката селекцијата е главно врз основа на изгледот и подвижноста на сперматозоидите. „Со PICSI постапката се оди чекор понатаму и се овозможува и селекција на зрели, матурни сперматозоиди за оплодување на јајце клетките. Важна компонента на кумулусните клетки кои ги опкружуваат јајце клетките е хијалуронан. При природно оплодување сперматозоидите се врзуваат со хијалуронанот и овој процес зависи од нивниот изглед и од нивната зрелост. Со PICSI постапката се селектираат сперматозоиди кои имаат можност да се врзат за хијалуронанот и на тој начин се зголемуваат шансите за успешно оплодување на јајце клетките, а истовремено се намалува шансата за спонтани абортуси“, објаснува д-р Лазаревски.

4. Донирани јајце клетки

Жените кои немаат квалитетни јајце клетки се кандидати за оплодување со донирани јајце клетки. Во постапката на донација на јајце клетки жената донор е проследена на генетски испитувања (генетски скрининг) и сите други иследувања предвидени со законот за биомедицинско потпомогнато оплодување. Потоа следува постапка на хормон ска стимулација на јајчниците. Се прави аспирација на јајце клетките и тие веднаш се криопрезервираат (замрзнуваат). Кога жената реципиент ќе биде подготвена да забремени, јајце клетките се одмрзнуваат, се оплодуваат со семениот материјал од партнерот на реципиентката и создадениот ембрион се трансферира во мат – ката на реципиентката. „Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ има договор со најголемата европска банка за јајце клетки ‘First Egg Bank’. Со ова пациентките кои имаат потреба од донирани јајце клетки во процесот на асистирана репродукција ќе може да ги добијат во ‘Аџибадем Систина’ без да патуваат надвор од земјава. ‘First Egg Bank’ е дел од реноминираната болница ‘Intersono’ во Украина специјализирана за ИВФ. Со 15-годишно искуство во ИВФ, досега има склучено договор со болници од 11 земји, меѓу кои: Израел, Англија, Белгија и Австрија. Банката има повеќе од 200 донори на возраст од 18 до 36 години. Донираните јајце клетки се со највисок квалитет, според европските критериуми, и на нив е направен скрининг за инфективни и наследни болести.“

5. Асистирана репродукција е процес кој бара стручност и тимска работа

Д-р Слободан Лазаревски објаснува дека „асистираната репродукција е процес кој зависи од тимската работа и експертиза. Во овој тим, лекарот го одредува протоколот за третман, го следи пациентот и го стимулира создавањето јајце клетки. По оваа фаза ембриологот го спроведува процесот на спојување на јајце клетката и спермата. Клучните моменти на чување, следење, проверување, како и изборот на квалитетни ембриони кои ќе се трансферираат во матката на пациентката се работа на ембриологот. Овие процеси се многу важни за успехот од оплодувањето, како и самата постапка на оплодување.“

 

 

 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!