5 начини како да го подобрите здравјето на дојките

Вежбите и здравата храна не се единствената добитна комбинација за подобро здравје, ова моќна двојка исто така го намалува ризикот од карцином на дојките. Но, доколку вежбате и здравo се храните може да ви помогнат да ја победите болеста.

Еве 5 работи кои треба да ги правите за да имате здрави дојки:

1. Одржувајте нормална телесна тежина

Врската помеѓу дебелината и карциномот на дојките не е докажана, но медицинските лица советуваат жените да одржуваат нормана телесна тежина за да го намалат ризикот од појава на оваа болест.  

Вежбите и здравата храна не се единствената добитна комбинација за подобро здравје, ова моќна двојка исто така го намалува ризикот од карцином на дојките. Но, доколку вежбате и здравo се храните може да ви помогнат да ја победите болеста.

Еве 5 работи кои треба да ги правите за да имате здрави дојки:

1. Одржувајте нормална телесна тежина

Врската помеѓу дебелината и карциномот на дојките не е докажана, но медицинските лица советуваат жените да одржуваат нормана телесна тежина за да го намалат ризикот од појава на оваа болест.  

Во едно истражување докажано е дека жените кои имаат вишок килограми, болеста побрзо се развива, отколку жените со помала телесна тежина. Жените со поголема телесна тежина кои ја победиле болеста, имаат и поголем ризик, карциномот да се повтори.

2. Вежбајте 30 минути дневно, барем 4 до 5 пати неделно

Жените кои се физички активни имаат 25 % помала шанса да развијат карцином на дојки отколку жените кои не се физички активни. Истражувањата покажуваат дека редовните вежби можат да помогнат во превенцијата на карцином на дојка преку зајакнување на имунитетот,  и одржување на нормална телесна тежина.

Вежбите покрај тоа што ја одржуваат нормалната телесна тежина ја подобруваат и цврстината на коските што е од големо значење за жени кои преживеале карцином на дојки и биле третирани со хемотерапија. Овие лекови се познати по тоа што ги намалуваат минералите во коските, со што се зголемува ризикот од остеопороза и фрактури на коските.

Сеедно дали се обидувате да го превенирате карциномот на дојки, се борите со оваа болест или веќе ја имате преживеано вежбањето може да помогне. Одењето е најлесниот  начин за вежбање кој треба редовно да го практикувате.

3. Здрава и избалансирана исхрана

Секој ден задолжително јадете пет до осум помали порции овошје и зеленчук. Брокула, зелка, лубеница и цели зрна се храна која се бори со карциномот. Зголемете го внесот на омега 3 масни киселини кои се наоѓаат во оревите, сојата и семките од тиква. Избегнувајте рафиниран шеќер и масти. Се верува дека добрата исхрана може да помогне во борбата против повеќето видови на карциноми, вклучително и карциномот на дојка и може да го успори или спречи напредокот на болеста, но и нејзиното повторно појавување.

4. Ограничете го алкохолот на една чаша дневно

Жените кои пијат повеќе од еден или повеќе чаши алкохол дневно, се изложени на зголемен ризик од развивање карцином на дојките. Жените пак кои пијат по три или повеќе алкохолни пијалаци неделно имаат поголем ризик болеста да се врати.

5. Консумирајте витамини, особено витамин Д

Жените со ниско ниво на витамин Д се изложени на поголем ризик за развивање на карцином на дојките, додека жените кои ја преживеале оваа болест, а имаат ниско ниво на витамин Д, има поголема шанса болеста повторно да им се врати. Најдобриот извор на витамин Д е сонцето, па жените кои не поминуваат долго време на сонце може да имаат дефицит од витамин Д. Направете контрола на вашето ниво на витамин Д. Доколку имате недостиг консултирајте се со вашиот доктор за земање на витамин Д.

Вашето здравје е во вашите раце

Со примена на овие 5 здрави навики во вашиот секојдневен живот, освен што ќе се борите против карциномот на дојки и другите болести, туку и ќе имате повеќе енергија и ќе бидете подобро расположени.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!