1. Насмевнете се!
Една студија покажува дека смеењето го забрзува производството на клетките кои нè штитат од инфекции и создавање тумори.
2. Плачете!
Во солзите има траги од хормоните поврзани со стресот. Со плачењето го намалувате стресот, а со тоа и ризикот од срцев удар.
3. Вљубете се!
Статистиките покажуваат дека луѓето кои живеат со партнери или со љубовници имаат помалку здравствени тешкотии. Тој вид сигурност и свеста за постоењето на некој кој се грижи за вас го намалува стресот.
4. Дружете се !
Луѓето кои имаат голем круг пријатели живеат многу подолго од оние кои се осамени.
5. Изразувајте чувства!
Оние коишто ги кријат своите чувства имаат повисок крвен притисок и зголемен ризик од срцеви заболувања.