5 заблуди во врска со карциномот на кожа

Во последните 4 децении појавата на меланом се зголеми за 4 пати и на тој начин стана најчестиот вид канцер кој ги погодува жените на возраст од 25 до 29 години. Карциномите на базалните и сквамозните клетки кои некогаш се сметаше дека ги напаѓаат само повозрасните жени се повеќе се присутни и кај помладите. Кои се заблудите кои ги имаме во врска со канцерот на кожа и што можеме да направиме во врска со тоа, уште во овој момент?

Во последните 4 децении појавата на меланом се зголеми за 4 пати и на тој начин стана најчестиот вид канцер кој ги погодува жените на возраст од 25 до 29 години. Карциномите на базалните и сквамозните клетки кои некогаш се сметаше дека ги напаѓаат само повозрасните жени се повеќе се присутни и кај помладите. Кои се заблудите кои ги имаме во врска со канцерот на кожа и што можеме да направиме во врска со тоа, уште во овој момент?

1. Во моето семејство никој не боледувал од канцер на кожа и немам потреба да се грижам за тоа

Според една неодамнешна студија, 61% од жените се изјасниле дека воопшто не ни размислуваат за карцином на кожа бидејќи никој од нивното семејство никогаш не боледувал од ова заболување. Вистината е дека изгорениците од сонцето и бројот на бенки на кожата можат да имаат голем удел. Само 35% од ризикот за добивање меланом е поврзан со генетиката. Кај другите типови на карцином на кожа овој процент се сведува на 10%.
Запомнете: сомнителната бенка е сомнителна бенка, без разлика на генетиката.

2. Не сум поминувал/а подолго време на сонце

Според истражувањата, огромен е процентот на жени кои имале изгореници во изминатата година, додека уште поголем процент од овие имале изгореници од сонце барем 5 пати во животот. Ова е фактор кој двојно го зголемува ризикот од добивање меланом. Наспроти овој факт, пола од жените велат дека не се изложуваат премногу на сонце.
Од друга страна, одењето во солариум го зголемува ризикот за заболување од канцер на кожа дури за 75%. Фактите говорат дека денес солариумот зема повеќе жртви на карцином на кожа отколку што цигарите земаат жртви од карцином на бели дробови.
Затоа, потрудете се да се потсетите дали сте имале повеќе од 5 изгореници во текот животот, дали сте оделе на солариум и дали сте избегнувале да употребувате креми за сончање.
Правете редовни прегледи, користете фактор за сончање и избегнувајте солариум.

3. Поцрнетата кожа изгледа здраво

Истражувањето покажало дека повеќе од пола жени сметаат дека доколку се поцрнети изгледаат поубаво и поздраво, а имаат и поголема самодоверба.
Најпрвин, нема ништо здраво во потемнувањето на тенот. Всушност тоа самото произведува доволно пигмент за да ја заштити ДНК.

4. Доволно е да ставите крема со заштитен фактор

Некои од жените сметаат дека сéе што треба да направат е да нанесат крема со заштитен фактор на својата кожа. Всушност, кремата треба да содржи фактор 30+ и потребно е да се нанесе барем 20 минути пред изложувањето на сонце. Покрај тоа, на секој час или 2 треба да нанесувате нов слој, особено ако постојано се потите и капете.
Запомнете, сонцето е најголемиот виновник за стареењето на кожата.

5. Не морам да одам на преглед

Дури 76% од луѓето никогаш не биле на дерматолог.
Посетувајте дерматолог најмалку еднаш во годината. Закажете го прегледот уште утре и немојте да мислите дека сте многу млади за тоа бидејќи не сте. Никој не е!

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!