Се работи за реална цел. Губите тежина брзо, во не толку краток период за да биде нездраво. Всушност, губите нешто повеќе од еден килограм неделно. Постојат неколку начини за отстварување на оваа цел.
Во пола килограм сало се содржат околу 3,500 калории. Затоа, за да изгубите пола килограм треба да изгорите 3,500 калории.
1. Доколку се обидете да го намалите дневниот внес на калории за 600, за една недела сигурно ќе ослабете пола килограм. Сѐ што треба да направите е да внимавате што јадете и во колкави количини. Еднаш во неделата имате „слободен ден“ да јадете што ќе посакате, односно да ги внесете и оние 600 калории.
2. Доколку губите по 600 калории на ден, тогаш треба и да вежбате со цел да ја изгубите и другата половина од килограмите. Ова е навистина практично. Обично горите 10 – 15 калории во минута додека вежбате. Еден час вежбање во денот ви ја обезбедува и другата половина килограми кои треба да ги загубите.
3. Внесувајте некалорична храна. Ова е навистина добро решение. Во моментот кога сте гладни, направете супа или земете бобинки. На овој начин ќе се заситите барем за некое време. Правете го ова што почесто.
4. Многу вода. Внесот на вода е можеби најважен. Многу е тешко да ослабете доколку не пиете вода. Пред секој оброк напијте се голема чаша вода. На тој начин ќе се чувствувате полни и, нормално, ќе изедете помалку.
5. Запишувајте што јадете. Лесно се забораваат малите нешта кои ги конзумираме во текот на денот, а се преполни со калории.
6. Доволно спиење. Кога не сме доволно наспани, мозокот праќа информација дека сме гладни наместо дека ни се спие. Наредниот пат кога ќе се чувствувате ненаспано, забележете како се однесува вашиот организам и колку често ќе ви бара храна. Навистина е чудно како работи нашето тело.
Ова се неколку совети за тоа како да загубите некој килограм, а воедно да се чувствувате здрави и витки.