Доколку вашите ставови за лицата со аутизам доаѓаат од разни непроверени извори, можеби не ја имате комплетната слика.
Луѓето кои живеат со аутизам имаат различни карактеристики и карактери кои се разликуваат помеѓу себе слично како што вие се разликувате од вашите соседи, пријатели и семејство.
Сите луѓе со аутизам се слични
Фикција: Индивидуите со аутизам се токму тоа – индивидуи, секој со сопствени предности и недостатоци. Постои една изрека: доколку сте запознале едно дете со аутизам, сте запознале (едно) дете со аутизам.
Чувствата на луѓето со аутизам не можат да се повредат
Фикција: Луѓето кои имаат аутизам апсолутно имаат чувства кои можат да бидат повредени, дури и ако го согледуваат светот на поинаков начин. Овој мит произлегува од тоа што повеќето од нив потешко ги искажуваат своите чувства на начин на кој го прават другите.
Сите луѓе со аутизам имаат ограничени интереси или однесувања кои се повторуваат
Факт: За да се добие дијагноза аутизам луѓето мора да покажат повторувачко однесување или да имаат ограничени интереси кои го нарушуваат социјалното функционирање. Некои од нив се релативно безболни како мавтање со рацете, вртење во круг или повторување на одредени звуци.
Луѓето со аутизмот имаат скриена или натприродна интелигенција
Најчесто фикција: Мал процент од луѓето со аутизам имаат натприродна интелигенција која многу мал број на луѓе во светот ја поседуваат. Многумина имаат нешто што го нарекуваме „расцепкана интелигенција.“ На пример, лице со аутизам може да биде одличен математичар, но да има проблеми со обична, секојдневна комуникација.
Луѓето со аутизам не можат да живеат самостојно
Фикција: Во реалноста, прогнозите варираат од една до друга личност. Сепак, некои лица кои имаат аутизам живеат самостојно од другите и имаат успех во кариерата и сопствен живот.
Лицата со аутизам имаат проблеми да разговараат
Факт: Разговорите и специфичноста на говорот претставуваат предизвик за многу луѓе со аутизам. Колку е голем тој предизвик, зависи од способноста на тоа лице или степенот на аутизам.
Индивидуите со аутизам преферираат да бидат сами
Фикција: Некои сакаат, а некои не, но истото може да се каже и за другите. Високо-функционални лица со аутизам може да чувствуваат тага и очај доколку се изолирани од семејството и други лица кои им се важни. Ним често им е потребна поддршка и разбирање во нивните социјални интеракции, но богат социјален живот може да биде корисен за нив и тие да уживаат.