Дали мислите дека високите столици се безбедени за вашето дете? Алармантно се зголемени повредите кај децата како резултат на пад од висок стол. Најчести се повредите на главата и на лицето како модринки, исеченици и потреси. Две третини од децата се повредиле кога станувале од столот.
Најдобриот начин за вашето дете да биде безбедно е да користите специјални столици наменети за најмалите. Задолжително врзете го со ремени кои се дел од столицата.
Еве уште шест совети како вашето дете да биде безбедно:
1) Научете го детето да го користи столот само за јадење не и за играње.
2) Користете го системот за врзување кој доаѓа со столот – масата не е ефикасен начин за задржување
3) Не го оставајте вашето дете само на стол
4) Не дозволувајте децата да стануваат или да се качуваат на столот
5) Иако паѓањето од висок стол е најчестата повреда, бидете сигурни дека истиот е доволно далеку од работна површина или маса, за да не можат да се турнат и да го превртат столот
6) Пред и по купувањето на висок стол и играчки, повремено проверувајте го дали е оштетен
Постојат многу случаи на деца кои паднале од обични столици. Исто како и со високите столици, не дозволувајте вашите деца да стојат и да си играат на нив, или, пак, да ги користат како скали за да досегнат повисоко. Станувањето или качувањето на мебел исто така е многу опасно. Детето може да изгуби рамнотежа и да се преврти и да падне врз тврда површина и предмети или, пак, тешки предмети како телевизори да паднат врз нив.
На крајот, треба на децата додека се многу мали да им поставите граници и да ги научите што смеат а што не смеат да прават. Кога ќе пораснат тие ќе знаат како безбедно да си играат.