9 начини како добро да се наспиете

Недостигот на сон најчесто предизвикува низа нарушувања во организмот кои подоцна можат да преминат во болести, затоа проблемот со несоницата треба сериозно да го сфатите. 

Истражувањата покажале дека секој петти човек има проблеми со спиењето и спие помалку од 7 часа во текот на ноќта, а многу од нив изјавиле дека често се несреќни и под стрес. Како доволно да се наспиете?

1. Попладневен сон

Направете пауза меѓу ручекот и вечерата и тоа време искористете го за попладневна дремка. Но, не легнувајте на каучот во дневната соба туку опуштете се удобно во креветот

2. На годишен одмор

Нема поубаво спиење од спиењето за време на годишниот одмор, особено ако се опуштите и не мислите на алармите, работата, грижите за семејството

3. Спиење под отворено небо

Спиењето на плажа или кампувањето и спиењето под отворено небо е посебно интересно, вие ќе се чувствувате поврзани со природата

4. Удобна перница

Во минатото луѓето спиеле на перници полни со слама, а денес се произведуваат перници кои се анатомски приспособени за вашата глава. Одберете го вистинскиот и препуштете се на убав сон

5. Мрак

Сите сме навикнати да функционираме на светло, па зашто да не спиеме и во целосен мрак. Отсуството на светло гарантира здрав сон.

6. Кино

Изморени сте од напорниот ден, сместени во удобна фотелја, придушено светло… кој не би посакал да ги затвори очите?

7. Ноќна музика

Многу луѓе сакаат да заспијат со пријатна музика. Понекогаш музиката толку многу нè успива што не можете да ги држите очите отворени.

8. Храна за подобар сон

Кој не би сакал да заспие по добар оброк? Докажано е дека некои видови храна многу добро влијаат на сонот, старите Римјани верувале дека тоа е салатата, Французите шампањот, а најновите истражувања велат дека тоа е бананата.

9. Излежување за време на викендот

Сите знаеме колку е убаво спиењето без аларм за време на викендот. Одвојте си време за себе и наспијте се колку што вие сакате!

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!