Најважно за децата е што сме тим со родителите

Д-р Душkо Фидановсkи, Педијатриско одделение во „Аџибадем Систина“

Во една од собите на педијатрија во Kлиничката болница „Аџибадем Систина“ ја затeкнавме Ванеса Ѓеорѓиевска, која има осум години и деновиве првпат во својот живот е во болница. Наспроти очекувањата, штом влеговме со собата таа развлече широка насмевка, свежа, наспана, со големи преубави сини очи. Се насмевна и ни рече да влеземе:

Д-р Душkо Фидановсkи, Педијатриско одделение во „Аџибадем Систина“

Во една од собите на педијатрија во Kлиничката болница „Аџибадем Систина“ ја затeкнавме Ванеса Ѓеорѓиевска, која има осум години и деновиве првпат во својот живот е во болница. Наспроти очекувањата, штом влеговме со собата таа развлече широка насмевка, свежа, наспана, со големи преубави сини очи. Се насмевна и ни рече да влеземе:

– Ова е мојата соба, имате место и каде да седнете! Во болница сум неколку дена. Имав операција. Ми го извадија слепото црево. Но, јас уште првиот ден станав и си играв со играчките. Собата во болницата е многу убава, малку поголема од мојата дома. Добив и едни розови пижами, се надевам дека кога ќе си дојдам дома мама ќе ми купи едни вакви – вели Ванеса.

Загорка, мајката на Ванеса, вели дека од стравот што го преживеале со сопругот да ја донесат ќерката од Kрива Паланка во болница во Скопје, не памети ништо, се додека не седнала во собата на ќерка си.

– Важно е дека се заврши како што треба. Многу сум благодарна. Нема поголема среќа за секој родител кога детето му е здраво и безгрижно. Но, за жал, во животот се случуваат и моменти кога детето и покрај посветеноста и грижата на родителите, ќе се разболи. Тогаш веќе ништо не е важно, ни работа, ни бизнисот, ниту дали дома ќе се гледа фудбал или филм. Тогаш за родителите е најважно на детето да му обезбедат што е можно подобри услови за да оздрави, да го кренат на нозе, да закрепне, да се насмее. Досега во мојот живот не сум видела ваква болница, презадоволна сум од се, но најмногу што си заминуваме како ништо да не било – вели Загорка.

Токму истото го посака и медицинскиот персонал во „Аџибадем Систина“.

„Аџибадем Систина“ – рамо до рамо со европските клиники

Ванеса е едно од првите дечиња што беа сместени на новоотвореното педијатриско одделение, кое изгледа како современа европска клиника, каде што децата се чувствуваат комотно, во убави и широки соби, каде што имаат доволно приватност и одлична нега.

Според условите за лекување и како е уреден педијатрискиот дел во „Аџибадем Систина„ слободно може да се носи рамо до рамо со клиниките од Европа.

Една од најпознатите болници во Париз, Франција, „Арманд Трусо“, исто така има педијатриски одделенија, а многу внимание обрнува на тоа како се уредени собите, со топли бои, телевизиски монитори, по едно дете во соба, задолжителна бања како дел од собата и доволно персонал, кој на децата им е на располагање секоја секунда.

– Секое дете што треба да лежи во болница, прво се подготвува за тоа, преку разни брошури со слики. Потоа на детето му се даваат болнички пижами, нови, чисти и детето задолжително се капе со посебни шампони, кои прават комплетна дезинфекција. За кратко со детето разговара психолог, го насочува за тоа што ќе се случува, но за цело време во собата е присутен еден од родителите, без разлика дали е татко или мајка – вели една од вработените на педијатриското одделение, која имала искуство во париската болница. Деновиве во рамките на болницата „Аџибадем Систина“ почна со работа педијатриско одделение, каде што ќе може да се лекуваат 15 дечиња.

Душко Фидановски, одговорен лекар на ова одделение, вели дека овој свет постои само за децата.

– Најважно за децата е што со родителите сме тим, кој дава сe од себе за да им помогне на децата. Периодот во болница да го поминат колку што е можно попријатно. Да си заминат здрави, без стравови и трауми. Всушност, како може да се чувствува дете ако е опкружено со комплетна нега, внимание, сe е ново, убаво, широко, тука има и играчки, дури и униформите на персоналот е со апликации што ги радуваат децата. Презедовме комплетна грижа за децата од секој аспект. Дозволени се посети, но само во периодот од 10 до 20 часот, со напомена дека во собата можат во исто време да престојуваат двајца возрасни, еден од родителите и еден гостин. Внимаваме на сите стандарди, па за децата е обезбедена најквалитетна храна, па апсолутно е непотребно, ниту дозволено, да се носи храна од надвор. Дури е обезбеден оброк за еден од родителите што не е пракса во многу други врвни болници низ Европа – вели Фидановски, додека нe внесуваше во собата на малата Ванеса, која со зад
оволство нe прими на гости.

Тој додава дека за одделението се ангажирани исклучителни професионалци, кои се грижат за децата, а амбиентот, за кој слободно може да се каже дека го надминува и големиот дел од европските детски болници, ветува само одлична здравствена услуга и среќно излекувани дечиња.

Бакнежот на мама лекува илјада болести

Одделот за педијатрија во Kлиничката болница „Аџибадем Систина“ е составен од поликлиника, дневна болница, стационар и ургентен центар. Сите делови се специјално уредени и дизајнирани, со што се трудиме нашите најмали пациенти да не се чувствуваат дека се во болница, а со тоа да го елиминираме стравот од посета на доктор.

Додека со очигледна посветеност лекарот Фидановски зборуваше со Ванеса, дофрла дека таа ги има најубавите сини очи што ги видел досега, но со напомена дека сите деца на светот се посебни, многу важни, всушност најважни. Во поликлиничкиот дел високостручниот тим на педијатри во „Аџибадем Систина“ за најмалите пациенти нуди дијагноза и третман на најсложени и ретки педијатриски болести.

Покрај можностите за поликлиничко лекување и престој во дневна болница, Kлиничката болница „Аџибадем Систина“ го отвори педијатрискиот стационар, кој може да покрие третман на болно дете од 0 до 14-годишна возраст. Располагаме со најмодерни 15 еднокреветни сместувачки капацитети, најсовремена дијагностика и третман базиран на светски практикуваните протоколи за лекување болести на децата. Собите се приспособени за престој на родител со дете, многу важен сегмент за детето, вели Фидановски.

Но, додава дека неоспорно е оти добрата здравствена услуга е најважна, а „Аџибадем Систина“ е чекор понапред не само во регионални рамки, туку и европски.

Фидановски вели дека една од предностите неопходна за детето што побргу да закрепне е присуството на родителот.

– Бакнежот на мајката лекува илјада болести, па и покрај најдобрата нега, ако мама не е до детето, сe потешко оди – додава лекарот.

Одењето во болница претставува стрес и за целото семејство. Во секоја соба е обезбеден простор и легло за мама или тато, што на болничката соба  дава нота „како дома, на сигурно“. Тоа е многу важно за детето полесно да поднесе каква било медицинска интервенција, за да биде помалку уплашено, вели Фидановски, кој напоменува дека за децата секогаш имаат по некој ас во ракавот, со кој успеваат да ги насмеат.

Но, и кога станува збор за посериозни заболувања, Фидановски вели дека нивна практика како и во европски клиники е родителите и децата да добијат точни информации за постапките и процедурите што го очекуваат детето во болницата, а за тоа секако ќе помогне одговорниот лекар или сестрата.

– Секако во Kлиничката болница родителите може да побараат и поддршка од психолог, кој ќе помогне родителите да го најдат вистинскиот пат за тоа. Kога родителот е добро информиран, многу полесно ќе го запознае и детето на начин што тоа најдобро го разбира. Начинот мора да биде приспособен на возраста на детето, но и секоја информација мора да биде точна. Во ниеден случај не смее од детето да се крие вистината и тоа што навистина го очекува во текот на разни процедури на лекување, па и кога се вади крв и слично, но секако на начин приспособен на зрелоста на детето – додава лекарот.

Одењето во болница е промена на секојдневниот начин на живот, проследена со неизвесност и непријатни емоционални состојби поради одвојување од средината во која расте и живее, од дома, поради болеста, стравот од медицинските постапки и исходот на лекување. Па затоа во состав на одделението има мал дел, каде што се поставени дидактички играчки. И детето во болница што може да се движи би било пожелно да помине дел од денот во делот кај играчките и малата библиотека со книги за деца.

Нема бели мантили, туку униформа со бубамари

Лекарите велат дека кога се зборува за хоспитализација на деца, важно е да се укаже на специфичноста што ја прави различна од таа кај возрасните. Од возраста на детето зависи детското поимање на болеста и неговата реакција на болеста. Тие велат дека доживувањето на болеста кај децата се врзува со незрел концепт на сфаќања на сопствената состојба. Се што се случува со нив, малото дете го поврзува со своето однесување, па поради тоа децата од предучилишна
и рана школска возраст можат болеста да ја доживеат како казна за лошо однесување. Но, тоа никако не смее да се случи. За сите детали за детското здравје се грижат во педијатриското одделение во „Аџибадем Систина“

Покрај здравствена услуга, децата хоспитализирани на одделението имаат и други привилегии. Налик на многу познати детски болници низ Европа како што е и споменатата париска болница „Арманд Трусо“ – „Аџибадем Систина“ за децата обезбедува неколку работи многу важни за нив, како релаксација, многу внимателно одбрани играчки, музика, мала библиотека со книги за деца. Сето тоа е неопходно едно дете да закрепне.

Сестрите на одделението како добри домаќини напоменаа дека во собите има доволно интима, сите соби се еднокреветни, со специјални безбедни кревети приспособени на возраста на детето, ЛЦД-монитори (плазма-телевизори) на кои детето може да гледа содржини што нема да го вознемируваат. Во секоја соба има тоалет со туш кабина, адаптирани за деца со апликации што го задржуваат вниманието на детето.

Медицинскиот персонал не носи бели мантили, кои честопати се пречка дури и да се разговара со болното дете, а камоли да се изврши и најпроста интервенција како вадење крв или преврска. Медицинските сестри се облечени во панталони во светловиолетова боја, а горниот дел од униформата има еден куп апликации со бубамари, што кај децата го привлекува вниманието и го подобрува расположението.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!