Знаци што жените не треба да ги игнорираат

Пубертет, месечен циклус, бременост, менопауза... Женското тело постојано се менува. Но, секој од нас совршено го познава своето тело и ги препознава промените што се случуваат. Следете го вашето тело бидејќи некогаш одредени симптоми кои можеби изгледаат нормално може да бидат еден од првите знаци за канцер.

Пубертет, месечен циклус, бременост, менопауза… Женското тело постојано се менува. Но, секој од нас совршено го познава своето тело и ги препознава промените што се случуваат. Следете го вашето тело бидејќи некогаш одредени симптоми кои можеби изгледаат нормално може да бидат еден од првите знаци за канцер.

Промени на дојките

Самопрегледите се првиот чекор за превенција на карциномот на дојки. Секоја грутка не значи дека имате канцер, но задолжително консултирајте се со вашиот лекар доколку забележите каква било промена во дојките:  грутка, воспаленија на кожата, вовлекување на брадавката, промена на бојата… И без видливи симптоми се препорачува секоја жена над 40 години задолжително да направи мамографија. Жените над 20 години треба да направат ехо на дојките секои 1 до 3 години (во зависност од семејната историја и факторите на ризик).

Надуеност

Дали го имате чувството на надуеност пред менструалниот циклус? Тоа е в ред. Но доколку ваквото чувство постои повеќе од 2-3 недели и е придружено со губење на тежината и крвавење, посетете го вашиот гинеколог. Многупати, ова е еден од симптомите на канцер на јајчници.

Крвавење меѓу циклусот

Крвавењето што не е поврзано со менструалниот циклус е нешто за што мора да разговарате со вашиот гинеколог. Уште повеќе треба да внимавате доколку веќе сте во менопауза, а забележите крвавење.

Промени на кожата

Следете ги бенките на телото. Секоја промена во големината, изгледот и формата претставува доволен показател дека треба да посетите дерматолог.

Крвава столица / урина

Присуството на крв во столицата може да биде знак за хемороиди, но фактот дека крвавата столица е еден од симптомите и на канцерот на дебелото црево е доволен за да ве поттикнеме да направите рутински преглед кај гастроентерохепатолог кој ќе одлучи што понатаму. Крвта во урината, исто така, е знак што не треба да го занемарувате.

Зголемени лимфни жлезди

Отокот на лимфните жлезди може да значи дека имате некаков воспалителен процес во телото. Но, некои од канцерите, како што е леукемија, исто предизвикуваат отечени лимфни жлезди.

Не ја игнорирајте долготрајната кашлица

Доколку кашлате повеќе од 3 недели, или имате присуство на крв при кашлањето, посетете го вашиот доктор. Ова важи за сите жени, а посебно за пушачите. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!