Што е радиохирургија?

Радиохирургијата е дел од зрачната терапија со која се третираат тумори, најчесто во мозокот, кои не можат хируршки да се отстранат. За првпат во регионот овој тип зрачна терапија ја има и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со помош на најмоќниот и најбезбеден апарат за радиотерапија TRILOGY. Како и кога се изведува радиохирургија, одговор ни даде д-р Славица Кралева, онколог радиотерапевт.

Радиохирургијата е дел од зрачната терапија со која се третираат тумори, најчесто во мозокот, кои не можат хируршки да се отстранат. За првпат во регионот овој тип зрачна терапија ја има и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со помош на најмоќниот и најбезбеден апарат за радиотерапија TRILOGY. Како и кога се изведува радиохирургија, одговор ни даде д-р Славица Кралева, онколог радиотерапевт.

Што е стереотактична радиохирургија?

Стереотактична радиохирургија е тип на радиотерапија која е многу моќна и прецизна. Наместо повеќепати со ниски дози, во радиохирургијата туморот се третира со една фракција со висока доза на зрачење. Со радиохирургијата се уништува ДНА на туморот со што клетките на туморот не можат повеќе да се шират и развиваат. Овој тип радиотерапија најчесто се користи во третман на тумори во мозокот. Претставува единствена терапија за третман на тумори кои се на недостапни места во мозокот и не можат да се отстранат со хируршка интервенција. Радиохирургијата е алтернатива на класичната хирургија.

Како се третираат туморите во мозокот со радиохирургија?

Туморот во мозокот се третира со само една фракција. Затоа даваме голема доза на радијација, со максимална заштита на околните здрави органи. За да се спроведе ваков третман потребна е професионалност и подготвеност на тимот онколози и радиотерапевти, како и медицински физичари. Се обезбедува прецизно и фокусирано зрачење во лекување тумори во мозокот.

Како се подготвува пациентот пред третманот?

За да може да се спроведе третманот, се имобилизира главата на пациентот со што се обезбедува фиксна позиција за време на третманот. Во исто време се прави КТ симулација со цел да се лоцира туморот. За време на третманот акцелеаторот ротира околу пациентот испорачувајќи високи дози на зрачење во областа која е претходно точно обележана од тимот специјалисти, кој вклучува радиолог, онколог и неврохирург.

Во кои случаи се користи радиохирургија?

Лекарот одредува кај кој пациент може да се спроведе радиохирургија. Одлуката на лекарот зависи од типот, големината и локализацијата на туморот што треба да се третира. Радиохирургијата се користи и во третман на тумори во мозокот кои се на недостапни места или кои не можат хируршки да се лекуваат. Исто така, радиохирургијата се користи и во третман на некои бенигни промени во мозокот како што се артериовенски малформации. Резултатите кои се постигнуваат со овој третман се идентични со резултатите од неврохируршкиот третман.

Кои видови тумори можат да се третираат со ТRILOGY радиохирургија?

Со оваа технологија можат да се третираат мали тумори со еднократно зрачење со високи дози. Здравите ткива се заштитени на највисоко ниво од несаканите ефекти на радијацијата. Пациентот доаѓа, ја прима еднократната терапија и по третманот може да продолжи со нормалните секојдневни активности. Според светските статистики, радиохирургијата на TRILOGY има голем успех во лекувањето на пациенти третирани со оваа метода.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!