Сè почестото дијагностицирање на карциномот на кожа се поврзува со директното изложување на кожата на сончевите зраци. Затоа, внимавајте на вашата кожа и почитувајте ги препораките на дерматолозите. Редовно следете ги промените на кожата, посебно на бенките, кои може да бидат првиот аларм за пред појава на карцином на кожа.
Неколку чекори за здрава кожа во летниот период
Одбегнувајте го директното изложување на сонце во периодот од денот кога УВ индексот е алармантно голем (од 10 до 16 часот). Ако веќе морате да излезете, покријте ја кожата носејќи лесен материјал што дозволува кожата слободно да дише, главата покријте ја со шешир и носете очила за сонце.
Користете средство за заштита од сонцето со заштитен фактор. Правилно употребувајте го средството. Тоа значи дека треба да го нанесете на кожата 30 минути пред да се изложите на сонце, за да може кожата да го апсорбира.
Одбегнете ги ултравиолетовите зраци со чадор за сонце. Идеална заштита од УВ зраците за време на летниот период е седење под чадори за сонце, кои ќе ве заштитат од директното изложување на сонце.
Заштитете ги децата. Се смета дека правилната употреба на кремите со заштитен фактор до 18-годишна возраст значително го намалуваат ризикот за појава на карцином на кожа во подоцнежната возраст. Затоа, внимателно објаснете на децата дека задолжително мора да се заштитат од сонцето. Малите деца не треба да се изложуваат директно на сончевите зраци, додека кремите со заштитен фактор не се препорачливи за бебиња помали од 6 месеци.