Трошете калории и додека седите на работа

Седечкиот начин на живот е една од најлошите работи кои можете да ги направите за вашето тело. Но, таква ви е работата и не можете против тоа. Затоа, вежбајте додека седите!

Кога целото работно време го поминувате во седење вие трошите многу малку масти, а со тоа се зголемувате ризикот за појава на висок крвен притисок и лош холестерол.

Седечкиот начин на живот е една од најлошите работи кои можете да ги направите за вашето тело. Но, таква ви е работата и не можете против тоа. Затоа, вежбајте додека седите!

Кога целото работно време го поминувате во седење вие трошите многу малку масти, а со тоа се зголемувате ризикот за појава на висок крвен притисок и лош холестерол.

Дури и по напорниот ден да пронајдете време за вежби и релаксација, фактот дека долго време седите пред компјутер не ја менува многу ситуацијата. 

Затоа станувајте често и направете кратки прошетки низ ходниците. Идеално би било да станувате на секој час малку да се раздвижите, и да направите неколку малку вежби. Еве како да потрошите калории додека работите.

1. Вежби за стомачни мускули

Вежбите за стомачните мускули можете да ги правите дури и додека го читате овој текст. Силно стегнете ги и згрчете ги мускулите на стомакот, задржете ги така неколку секунди, потоа опуштете се и повторете ја вежбата десет пати. Друга добра вежба за долниот дел на стомакот е следнава – подигнете ги стапалата неколку сантиметри од подот, испружете ги и вратете ги во правобитната положба спуштени на подот.

2. Танцувајте

Доколку не ви е непријатно и не се срамите од погледите на колегите во вашата канцеларија, ова е многу забавна вежба. Кога ја чуете омилената песна на радио, движете ја главата, подигнувајте и спуштајте ги рамената и препуштете му се на ритамот седејќи на место. Не само што ќе потрошите калории туку и ќе се расположите.

3. Затегнете ги нозете

Испружете ги нозете сè додека не постигнете паралела со подот и затегнувајте ги мускулите. Оставете ги нозете така затегнати неколку секунди, потоа полека вратете ги на подот и повторно направете ја истата вежба. За да направите поголем отпор, префрлете ја едната нога врз другата, со тоа ќе додадете поголема тежина на исправената нога.

4. Бидете немирни

Удирајте со нозете по подот и вртете се на столот со оваа вежба можете да потрошите дури 100 калории дневно.  Мрдајте со рацете, истегнете го вратот, отворете ги и затворете ги дланките, затегнете ги рамената за да ги споите лопатките.

Запомнете – Овие вежби не ви се доволни за здрав живот, по работното време направете една прошетка на отворено или неколкупати во неделата посетете вежбалница.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!