Невенот добар лек за стомакот и нервите

Освен што важи за еден од најдобрите природни лекови кога се во прашање заболувањата на  кожата, оваа билка важи за одличен седатив и лек против болестите поврзани со органите на дигестивниот систем. Исто така, ефикасен е и во терапијата на хепатитис.

Освен што важи за еден од најдобрите природни лекови кога се во прашање заболувањата на  кожата, оваа билка важи за одличен седатив и лек против болестите поврзани со органите на дигестивниот систем. Исто така, ефикасен е и во терапијата на хепатитис.

Иако со векови се користи во терапија на многу заболувања, во поново време се пронајдени уште повеќе лековите својства на невенот, кој со право го носи името „крал на лековитите растенија“. Освен што е најдобар лек дури и за најсериозните кожни заболувања, овој лек се употребува во облик на чај, масло, тинктура и масло за капење.

Невенот е извонреден во лекувањето на раните

Невенот делува антибактериски и антимикотички, па е многу ефикасен во лекувањето на разни воспалувања и габични инфекции. Традиционално се користи во вид на маст за раните кои бавно зараснуваат, исеченици, гребаници, изгореници, брадавици и сите други состојби каде е потребно регенерирање на кожата.

 Овој лек се применува и за разни кожни заболувања, од типот на екцеми, псоријаза, акни и дерматоза, но и за малигни тумори лоцирани на епидермисот. Исто така, се користи и во терапијата за проширени вени, хемороиди, рани на потколениците и чирови на кожата. Поради тоа што ја обновува и слузокожата, делотворен е и против раните во устата.

Смирува воспаленија

Невенот делува како благ седатив, па се применува за смирување во случај на несоница, нервоза и напнатост. Покрај тоа, оваа билка ги опушта малите мазни мускули околу крвните садови. Благодарение на високите нивоа на провитамин А, невенот го подобрува видот и претставува одлично средство против конјунктивитисот и иритациите на окото.

Рековме дека невенот помага и во подобрувањето на функцијата на органите во дигестивниот систем. Тој го смирува воспалението на тенкото и дебелото црево, спречува блага дијареја и ги ублажува болките предизвикани од чир на желудникот и дванаесетпалачното црево, а од голема корист може да биде и во случај на хепатитис. Чајот од оваа билка овозможува редовен менструален циклус и ги намалува менструалните болки. Маслото за капење од невен ги ублажува бактериските и габичните инфекции на гениталните органи. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!