Како да ја ублажите главоболката предизвикана од стрес

Стресот, напнатоста и нервозата со кои секојдневно се соочуваме се главна причина за појава на главоболка.

За да се ослободите од тензијата што ви ги грчи мускулите, најдобро е да го поставите телото хоризонтално, во темна просторија, со тивка класична музика и да ги затворите очите. Така ќе ги релаксирате грбот, рамениците и вратот.  За ослободување од напнатоста во вратот, рамениците и грбот помага и топла бања и топли облоги.

Според некои извори, кофеинот делува добро во борбата против тензичната главоболка. Кофеинот го забрзува дејството на медикаментите и главоболката побрзо исчезнува.

Лесните јога вежби се најмногу корисни кога станува за каква било болка предизвикана од стрес и напнатост. Длабокото и смирено дишење ја олеснува тензијата и ја смирува главоболката. Лесната масажа на цела површина на главата и вратот исто така опушта и ја смирува главоболката.

Доколку главоболките се интензивни и не се смируваат по првата помош што самите можете да си ја пружите, нашиот тим од стручни интернисти се достапни 24/7 за да ви помогнат во наоѓање на причината, а со тоа и целосно лекување на хроничната главоболка.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!