Отстранете го целулитот со радиофреквенција

Летните одмори се пред нас, па време е да го покажете вашето совршено обликувано тело. Доколку не си посветивте доволно време за вежбање и сметате дека целулитот е виновен затоа што не можете да го облечете вашето омилено мини здолниште радиофреквенцијата е спасот кој го барате. Успешно справете се со „болеста на седечките луѓе“ - целулитот и локалните масни наслаги. Како функционира радиофрекфенцијата, каде се применува и колку третмани ви се доволни за да имате совршено обликувано тело одговор побаравме од д-р Андреј Петров, дерматолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Летните одмори се пред нас, па време е да го покажете вашето совршено обликувано тело. Доколку не си посветивте доволно време за вежбање и сметате дека целулитот е виновен затоа што не можете да го облечете вашето омилено мини здолниште радиофреквенцијата е спасот кој го барате. Успешно справете се со „болеста на седечките луѓе“ – целулитот и локалните масни наслаги. Како функционира радиофрекфенцијата, каде се применува и колку третмани ви се доволни за да имате совршено обликувано тело одговор побаравме од д-р Андреј Петров, дерматолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Што е радиофреквенција?

Радиофреквенцијата е нова технологија која во последните години го зазема приматот на носечки неинванзивен третман во третманот на целулит и локални масни наслаги. Се изведува со длабинско и контролирано загревање на кожата со помош на радиобранови. Третманот се изведува со сонда која лизга по делот каде има целулит и се постигнуваат ефекти на затегнување на ткивото и зголемување на циркулацијата на крвта. Така масните наслаги се дренираат преку лимфниот систем и вие едноставно се ослободувате од целулитот. Температурата на површината на кожата достигнува до 40 степени, додека во подлабокиот слој може да достигне и до 60 степени.

Кои делови може да се третираат?

Радиофрекфенцијата служи за ремоделирање и зацврстување на сите делови од телото. Со неа може да се третираат проблематичните делови каде има целулит и масни наслаги. Пред да почне  третманот делот кој се третира може да се намачка со масло или гел за сондата полесно да лизга по телото. Со оваа процедура може да се третираат сите делови од телото кои ослабеле (како на пример после породување) и дава одлични резултати во случаите кога дошло до опаѓање на тонусот на градите, бутовите, стомакот, рацете, нозете …

Колку третмани се потребни и кои се ефектите?

Времетраењето на третманот е 40 минути, а доколку се третира целулитот во делот на нозете, тогаш третманот се изведува по 20 минути од нога. Во текот на третманот мускулите се активни како да сте вежбале ефективно 3 часа во теретана или фитнес.  Предноста е што се работи индивидуално на секој мускул имитирајќи физичка активност. Ефектот се гледа по првиот третман, а со само 5 третмани се забележува значително намалување на целулитот, затегнување и подобрување на тонусот и текстурата на кожата. Радиофреквенцијата е безболна, пријатна и релаксирачка, па многумина ја објаснуваат како топлотна масажа. Уште еден позитивен ефект кој што се постигнува е стимулацијата на производството на колаген кој е одговорен за еластичноста и младоста на кожата. По третманот кожата станува мека, нежна и изгледа многу помлада.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!