Ангина пектрорис е медицински термин за болка во градите како последица на коронарна болест на срцето. Таа се манифестира со намален проток на крв во срцевиот мускул поради насобраните масни наслаги кои прават стеснување во артериите. Пациентите чувствуваат болка,стегање и притисок во градите. Ангината е релативно честа појава и тешко може дасе разликува од другите болки во градите. Проф. д-р Салис Таџер, кардиохирург, објаснува доколку често го чувствувате овој симптом, не чекајте – веднаш побарајте медицинска помош.
Симптоми
Најчести симптоми се непријатноста и болка во градите, болка во рацете, вратот, вилицата или рамото, гадење, замор, чувство дека не можете да земете здив, потење, вртоглавица. Некои луѓе оваа состојба ја опишуваат како да се стегнати во менгеме или, пак, чувство дека имаат тежок товар врз градите.
Манифестирање
Сериозноста, времетраењето и видот на болката може да се разликуваат. Но, најбитно е симптомите навремено да се препознаат и веднаш да се реагира. Најчесто симптомите се интензивираат кога сте изложени на одреден физички напор (качување по скали или вежбање). Трае кратко, можеби пет минути или пократко, а исчезнува по одмор или лекарства. Ако болката во градите е нов симптом, важно е веднаш да се консултирате со вашиот лекар за да ги дознаете причините кои ја предизвикуваат болката и навремено да добиете соодветен третман. Новите и непознати симптоми за вас може да се знак за поопас-на форма на ангина или срцев удар. Симптомите на ангина кај жените може поинаку да се манифестираат. Жените можат да чувствуваат гадење, губење на здивот, болка во пределот на стомакот, бол- ка во градите.
Кога да побарате медицинска помош?
Кога ќе почувствувате каква било болка во градниот кош, време е за на кардиолог. Постојат неколку вида ангина: Стабилната ангина се појавува когасте физички активни (качување по скали, вежбање или пешачење). Во оваа состојба на срцето му е потребен поголем доток на крв, а масните наслаги на артериите не го дозволуваат тоа. Покрај физичката активност други фактори на ризик се емоционалниот стрес,температурните разлики, брзата и масна храна, пушењето. Нестабилна ангина – се појавува и во мирување. Ако дотокот на крв не се подобри со лекарства, срцевиот мускул нема доволно кислород и можна е појава насрцев удар, па дури и смрт. Нестабилната ангина бара итен третман.
Ризик фактори
Пушењето е еден од најчестите ризик фактори кои доведуваат до појава на ангина. Многу често на оваа состојба се изложени и пасивните пушачи кои подолг временски период поминуваат во простории каде што се пуши. Дијабетесот го зголемува ризикот од коронарна артериска болест, што доведува до појава на ангина и срцеви напади. Ризик фактори за појава на срцево заболување се и високиот крвен притисок и покаченото ниво на холестерол. Останати ризик фактори се возраста, семејната историја на заболувања, лошата исхрана, дебелината, стресот и недостигот на физичка активност.
Дијагноза
За да се постави дијагноза вашиот кардиолог ќе ви препорача да направите ЕКГ, стрес тест, ехокардиограм, лабораториски анализи на крвта, коронарна ангиографија или срцева компјутеризирана томографија. Постојат многу опции за третман на ангината, вклучувајќи ги промените во животниотстил, лекарства,стентирање, коронарна бајпас операција. Целта на третманот е да се намали зачестеноста и тежината на симптомите, а со тоа да се намали и можноста од појава на срцев удар и смрт. Ако имате лесна форма на ангина, потребни се мали промени во животниот стил. Овие промени значат да се откажете од пушењето, да внимавате на вашата телесна тежина, контрола на нивото на шеќер, холестерол и крвен притисок. Избегнувајте стресни ситуации и водете здрав начин на живот. Медицински процедури и хируршки третман Промените во животниот стил и лековите често се користат за лекување на стабилна ангина. Но, хируршките процедури, како што се ангиопластика, стентирање и коронарна артериска бајпас хирургија, исто така, се користат за лекување ангина. Ангиопластика и стентирање. Ангиопластика – исто така се нарекува перкутана коронарна интервенција (PCI). Процедура каде со мал балон се раширува стеснувањето на луменот на артеријата што го снабдува срцевиот мускул со крв, а пот
оа се поставува стент, мал метален прстен што го држи стеснетиот дел од артеријата раширен. За разлика од хирургијата на отворено срце, кај перкутаната коронарна интервенција се прави мал убод на кожата со внесување на катетерот во артерија на ногата или раката. Пациентите се свесни во тек на целата процедура и нормално комуницираат со хирургот. Целата процедура вообичаено трае помалку од еден час и повеќето пациенти одат дома истиот ден по завршување на процедурата. Коронарна артериска бајпас хирургија. Бајпас операцијата овозможува да се решат проблемите со крвотокот предизвикани од зголемените наслаги (артериосклероза) во коронарните артерии. Со операцијата се зема дел од крвен сад (вена, артерија) од друг дел од телото за да се направи заобиколен пат или бајпас околу блокираниот дел на коронарната артерија. Делот од крвниот сад кој се употребува како бајпас, и се нарекува графт, најчесто се зема од нозете, рацете и градниот кош. Коронарна артериска бајпас хирургија овозможува нормално снабдување на срцевиот мускул со премостување на оштетените крвни садови.