Заболувања на срцевите залистоци може да доведат до инфаркт

Нормалното функционирање на залистоците овозможува крвта да тече во правилна насока, со одредена брзина и во соодветно време. Патолошките промени кои ги зафаќаат залистоците влијаат на нивната функција, при што можат да станат премногу тесни и тврди и со тоа не можат целосно да се отвораат или затвораат. Ваквата неправилна функција влијае на крвниот тек (предизвикува повраток или застој на крвта). Тој проблем може да влијае на срцевиот мускул и да доведе до срцева слабост. Задржувањето на крвта доведува до зголемување на срцето со што се оштетува неговата функција. Зголемените комори и преткомори го оневозможуваат нормалниот проток на крв, при што расте ризикот за создавање коагулуми (згрутчување на крвта). Ваквата состојба може да предизвика емболија во белите дробови или во мозокот (мозочен удар).

Нормалното функционирање на залистоците овозможува крвта да тече во правилна насока, со одредена брзина и во соодветно време. Патолошките промени кои ги зафаќаат залистоците влијаат на нивната функција, при што можат да станат премногу тесни и тврди и со тоа не можат целосно да се отвораат или затвораат. Ваквата неправилна функција влијае на крвниот тек (предизвикува повраток или застој на крвта). Тој проблем може да влијае на срцевиот мускул и да доведе до срцева слабост. Задржувањето на крвта доведува до зголемување на срцето со што се оштетува неговата функција. Зголемените комори и преткомори го оневозможуваат нормалниот проток на крв, при што расте ризикот за создавање коагулуми (згрутчување на крвта). Ваквата состојба може да предизвика емболија во белите дробови или во мозокот (мозочен удар).

Симптоми 

Симптомите на заболувањата на срцевите залистоци можат да се јават одеднаш, во зависност од тоа колку брзо се развива болеста. Ако напредува полека, срцето може да се прилагодува и симптомите не се забележуваат. Покрај тоа, тежината на симптомите не мора да е во корелација со тежината на болеста. Некој пациент може да нема симптоми, а да има тешка болест на залистоците. Еден дел од симптомите на заболувањата на залистоците се слични на оние од срцевата слабост, како што се недостиг на воздух и отежнато дишење при мал физички напор. Исто така, се јавуваат и отоци кои најчесто се забе- лежуваат во пределот на нозете, глуждовите, рацете или стомакот. Другите симптоми вклучуваат:

• Срцебиење, односно неправилен срцев ритам (аритмии)
• Болка во градите (може да биде лесна)
• Замор
• Вртоглавица или губење свест
• Треска (бактериски ендокардитис)
• Зголемување на телесната тежина поради насобирање вода во организмот

Причини

Болестите на залистоците може да се вродени или се стекнуваат во текот на животот. Најчести причини се:
• Дегенеративни промени на залистоците независно од возраста
• Ревматска треска (денес ретка причина)
• Бактериски ендокардитис (инфекција во внатрешноста на срцето на самите залистоци)
• Висок крвен притисок и атериосклероза може да ја оштети аортната валвула.
• Срцев удар може да ги оштети мускулите кои ги контролираат валвулите
• Траума

Превенција

• Навремено лекување на сите инфекции согласно со препораките на доктор.
• Најчест извор на ендокардитис се инфекциите во усната празнина.
• Употреба на антибиотска терапија пред оперативна интервенција
• Во посебни ситуации, потребна е продолжена антибиотска терапија според општоприфатени протоколи.
• Здрав начин на живот за да се намали ризикот од висок крвен притисок, атеросклероза и срцев удар.
• Оставете ги цигарите
• Умерена конзумација на вино
• Јадете здрава, балансирана исхрана со малку сол и масти, вежбајте редовно и одржувајте нормална телесна тежина.
• Придржувајте се на пропишаната терапија за висок крвен притисок
• Доколку сте дијабетичар, редовно контролирајте го нивото на шеќер во крвта.

Дијагноза

Откривањето на „шум на срце“ се изведува при рутински преглед со стетоскоп, што укажува на можност за заболување на залистоците. Начинот на воспоставување точна дијагноза се овозможува со:
• ЕКГ (електрокардиограм)
• Рендгенска слика на граден кош
• Ехо на срце е најважна дијагностичка метода за визуелизација на залистоците со чија помош може да се одреди и нивната функција. Доколку има потреба, ехо на срце, се надополнува со трансезофагијален пристап (ехо на срце преку хранопровод). Клучната дијагностичка процедура е ехо на срце, која треба да биде изведена од страна на искусен кардиографист.
• Процесот на дијагностицирање, по потреба, се надополнува со примена на стрес тест и коронарографија.

Третман

Третманот зависи од степенот на оштетување на залистоците. Лесниот и среден степен на оштетување на залистоците проценет на ехо обично може да се реши со конзервативен пристап со лекови (медикаментозно). Понапредниот степен на оштетување најчесто се решава хируршки. Хируршка интервенција на залистоци е всушност операција на отворено срце со помош на екстракорпорална циркулација, што може да се изведе со класичен пристап, а понекогаш и со м
и- нимално инванзивна процедура (минимален рез). Можностите во хирургијата на залистоци се поправка (реконструкција) обично на митралниот залисток или замена со вештачки залисток. За време на операцијата може да се поправат или заменат еден, два па дури и три залистоци. Понекогаш е потребно да се додаде и бајпас. Поправање и реконструкција на залистокот има за цел да ја врати неговата функција. Доколку проценката на хирургот е дека поправката ќе биде успешна, но и стабилна во текот на времето, тогаш тоа е најдобрата опција. Во спротивно, залистокот се заменува со вештачки (механички или биолошки). Механички залистоци обично се вградуваат кај помлади пациенти кои понатаму се врзани со антикоагулантна терапија (лек против згрутчување на крвта) до крајот на животот. Земањето антикоагулантната терапија е многу важно бидејќи го овозможува нормалното функционирање на механичкиот залисток. Биолошките залистоци што се направени од природен материјал нормално функционираат околу петнаесетина години. Пациентите со овој тип залистоци немаат потреба од антикоагулантна терапија во најголем број од случаите. Ваквата состојба овозможува поквалитетен живот на пациентот (независност од лекови и послободен живот).
Според препораките на Американската асоцијација за срцеви болести (American Heart Assosisation), во денешно време трендот во третманот на залистоците е насочен кон примена на биолошки залистоци во споредба со механичките. И покрај тоа што по извесен период е потребна повторна замена на залистокот, овие пациенти живеат подолго.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!