Болката во забите може да биде знак и за воспален синус

Заболените заби во горната вилица може да бидат една од причините за инфекција на максиларните синуси. Тоа е поради фактот што синусните шуплини се тесно поврзани со забите и устата. Максиларните синуси се најголемите параназални синуси, кои се наоѓаат во горната вилица, учествувајќи во градбата на очната, носната и усната празнина. Максиларниот синузитис обично е предизвикан од инфекција од носот, но, исто така, инфекцијата може да настане и од несанирани заби. Затоа, редовни стоматолошки прегледи се неопходни за на време да се дијагностицира и лекува инфекцијата на максиларниот синус.

Забоболка и воспален синус

Во некои случаи, болката во забите или вилиците може да биде првиот симптом за постоење инфекција на максиларниот синус. Истражувањата покажуваат дека во повеќето случаи постои близок контакт на моларните заби со подот на максиларниот синус, така што секој третман на овие заби, доколку не е стручно изведен може да го повреди истиот. Особено треба да се обрне внимание при хируршка интервенција во горната вилица во бочната регија (вадење импактирани умници, цистектомии, апикотомии, синус лифт процедури) да не се повреди лигавицата на максиларниот синус т. е. истите да бидат влезна врата за настанок на т. н. одонтоген максиларен синузит. Не ретко воспаленијата на синусот, односно болката од истите може да се манифестира како забоболка. Затоа од суштинско значење е стоматолошкиот преглед и правилна процена, дали се работи за дентална (забна) болка или причина за болката е патолошки про – цес во максиларниот синус. Потребно е да се направат сите дијагностички процедури (анамнеза, клинички преглед на устата, РТГ снимки на забите и вилиците, КТ на параназални синуси), за диференцијално дијагностички да утврдиме дали е болката предизвикана од забите или од максиларниот синус. Во такви случаи ние пристапуваме мултидисциплинарно, односно планот на терапија го одредуваме во соработка со специјалист оториноларинголог.

Синус лифт процедури

По вадење на забите во горната вилица, настанува атрофија на коската, т. е. нејзин губиток, и тоа во првите месеци и до 30%. Со тоа може и да дојде и до спуштање на подот на максиларниот синус. Тоа е проблем доколку треба да се постават дентални импланти, па се спроведува процедура наречена синус лифт, т. е. подигање на синусниот под за да се создаде простор за постава на имплантите. Истата може да се изведе со крестален пристап (преку забниот гребен) и се нарекува затворена метода или со латерален пристап, т. е отво рена метода.

Како се изведува?

 Постапката се изведува со подигање на мембраната на синусот со специјални инструменти за да се направи место за постава на коскен графт, со што се зголемува ширината и висината на алвеоларниот гребен. Потоа следува поставување на имплантите. Треба да споменам дека интервенцијата се изведува во локална анестезија. Доколку оваа процедура се изведе професионално и прецизно, шансите за компликации се минимални.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!