Според Светската здравствена организација, веднаш по карциномската болест најмногу луѓе на планетата умираат од артериосклероза. Тоа е болест на секоја возраст. Според полот, повеќе заболуваат мажите. Болеста ги зафаќа сите артерии, од врвот на главата до прстите на нозете, некои повеќе, а некои помалку.
Што се артериите?
Артериите се цевки со еластичен ѕид низ кои во состојба на мирување во единица време поминува одредена количина крв. Во состојба на напор, благодарение на еластичниот ѕид се зголемува пречникот на крвниот сад, а со тоа се зголемува протокот на крв и се задоволува зголемената потреба за хранливи материи во ткивата.
Како настанува артериосклерозата?
Артериосклерозата значи таложење на масни материи и калциумови соли од внатрешната страна на големите артерии. Со ова таложење се нарушува праволиниското движење на крвните елементи и тие почнуваат да се движат вртложно удирајќи во тие нерамнини,се таложат на истите и полека го стеснуваат пречникот на артеријата, а со тоа се намалува протокот на крвта низ заболениот крвен сад, се намалува исхраната на ткивото и истото трпи во состојба на мирување. Во исто време, поради таложењето на овие материи, ѕидот на артеријата ја губи еластичноста и не може да се шири и да ги задоволи зго- лемените потреби на ткивото во состојба на напор.
Како се лекува?
Во зависност од развојот на артериосклерозата, на одредени органи и делови начовековото тело почнува кли- ничката манифестација на болеста. Кога станува збор за долните екстремитети, почнуваат болки при одење. А како напредува болеста болките во листовите на нозете почнуваат по сé помалку изодени метри, преминувaат во болки во мир, а болеста продолжува со одумирање на ткивата на стапалата. Како и кај сите болести, успехот во лекувањето зависи од раното откривање и соодветно лекување на истата. Лекувањето може да биде со лекови специфични за болести на артериите,антикоагулантна терапија против згрутчување на крвта, доволен внес натечности и борба против сите ризични фактори. Кога лекувањето со лекови е неможно, може да се продолжи, ако постојат делумни стеснувања на артериите, со ширење на тие делови и ставање стентови во истите. Ако, пак, затнувањата се од подолги сегменти, тогаш истите треба по хируршки пат да се премостат со употреба на природни крвни садови кои ќе се земат од самиот пациент или со вештачки крвни садови.
Кои се предиспозиции за оваа болест?
Покрај генетската предиспозиција, артериосклерозата е и стекната болест во текот на животот кај луѓето кои консумираат храна богата со холестерол, пушачите, луѓето со покачен крвен притисок, како и пациентите кои се изложе- ни на секојдневен психички стрес.