Состојби кои предизвикуваат метален вкус во устата

Металниот вкус во устата може да биде индикатор за сериозни заболувања, како што се заболувања на бубрезите и црниот дроб, најчесто се јавува како симптом кај дијабетичарите или кај болните од канцер. Но, ваквиот вкус во устата може да се јави периодично, доколку примате одредени лекарства. Прочитајте кои состојби може да бидат причина за металниот вкус во устата.

Металниот вкус во устата може да биде индикатор за сериозни заболувања, како што се заболувања на бубрезите и црниот дроб, најчесто се јавува како симптом кај дијабетичарите или кај болните од канцер. Но, ваквиот вкус во устата може да се јави периодично, доколку примате одредени лекарства. Прочитајте кои состојби може да бидат причина за металниот вкус во устата.

Лоша орална хигиена. Нередовната и не темелна хигиена на забите и усната празнина може да доведат до болести на забите и меките ткива. Како резултат на тоа може да се појави воспаление на непцата,  инфекции на забите и сл. Посетете стоматолог кој ќе се погрижи за вашето орално здравје. Доколку причината било инфекција, по нејзиниот третман металниот вкус во устата ќе исчезне.

Пиење лекови. Пиењето одредени лекарства може исто така да биде една од причините за металниот вкус во устата. Посебно оние лекарства кои ја сушат лигавицата на усната празнина. Доколку ваквиот вкус е присутен за време на пиењето на лекарствата а по нивниот прекин исчезнува, тогаш бидете сигурни дека тоа било главната причина.

Прекумерен внес на витамини и лекарства. Мултивитаминските препарати кои во својот состав содржат тешки метали (цинк, бакар, хром), пренаталните витамини богати со железо, суплементите на калциум и сл. може да бидат причина за металниот вкус во устата. Најчесто ваквиот мирис исчезнува откако организмот целосно ќе ги апсорбира. Доколку симптомот не се повлекува, проверете ја дозата и зборувајте со вашиот лекар за промена на терапијата.

Инфекции. Горно респираторни инфекции, настинки и воспаление на синусите може да го променат мирисот во устата. Со излекување на инфекцијата состојбата се нормализира.

Третман на канцер. Металниот вкус во устата може да се јави при примена на хемотерапија и радиотерапија.

Рана бременост. Првите недели од бременоста можно е да почувствувате промени во чувството на мирис и вкус.

Изложување на хемиски супстанци. Вдишување големи количини жива и олово може да биде причина за метален вкус во устата.

Без разлика која е причината која довела до промена, доколку забележите дека металниот вкус во устата трае долго време, разговарајте со вашиот лекар.

 

 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!