Кои се причините за крварење во менопауза

Менопаузата е дефинирана како отсуство на менструален циклус од една година. Просечната старосна граница за менопауза е 51 година, но нормалната граница се движи од 45 до 55 години. Годините до овој период се нарекуваат перименопауза, односно oвој термин значи околу менопауза. Овој период може да трае и десетина години. Во текот на перименопаузата изместувањето на хормоналните нивоа ја спрeчува овулацијата и предизвикува промени во менструалниот циклус.

Менопаузата е дефинирана како отсуство на менструален циклус од една година. Просечната старосна граница за менопауза е 51 година, но нормалната граница се движи од 45 до 55 години. Годините до овој период се нарекуваат перименопауза, односно oвој термин значи околу менопауза. Овој период може да трае и десетина години. Во текот на перименопаузата изместувањето на хормоналните нивоа ја спрeчува овулацијата и предизвикува промени во менструалниот циклус.

Кои се заедничките промени кои се случуваат во менструалниот циклус во текот на перименопаузата?

Во текот на нормален менструален циклус нивоата на хормоните естроген и прогестерон растат или се намалуваат во една регуларна шема. Овулацијата настанува на средината на менструалниот циклусот, а менструацијата две недели подоцна. Во текот на перименопаузата хормоналните нивоа не можат да ја следат оваа регуларна шема. Како резултат на тоа може да се појави нерегуларно крвавење или spotting. Некои месеци циклусот може да биде подолг и пообилен. Други месеци, пак, може да биде пократок и сиромашен. Бројот на денови помеѓу циклусите може да расте или да опаѓа. Може да се јави и прескокнување на некој циклус.

Како да препознаеме дека крвавењето не е нормално?

Секое крвавење по менопаузата е абнормално и би требало да се обратите кај вашиот гинеколог. Иако менструалниот циклус може да почне нерегуларно во текот на перименопаузата, тоа не мора да значи дека е нерегуларност во перименопаузата, туку проблем кој не е поврзан со перименопаузата. Во овој случај препорачливо е да го посетите вашиот гинеколог и да му кажете за сите промени во вашиот менструален циклус:

– многу силно крвавење;

– крвавење што трае подолго од нормалното;

– крвавење што се случува пократко од три недели;

– крвавење што се случува по сексуален однос или помеѓу два циклуса.

Кои се причините за абнормално крвавење?

– Полипи – тие обично се неканцерогени израстоци кои се развиваат од ткивото слично на ендометриумот, кое претставува слузница што ја обложува внатрешноста на матката. Тие или се на петелка или се со широка основа поврзани со слузницата на матката. Тие може да предизвикаат нерегуларно или силно крвавење. Полипите исто така растат на грлото на матката или во внатрешноста, односно во каналот на грлото на матката. Овие полипи (оние кај грлото на матката) може да предизвикаат крвавење по сексуален однос.

– Ендометријална атрофија – по менопаузата ендометриумот може да стане многу тенок како резултат на ниските естрогени нивоа. Оваа состојба се нарекува ендометријална атрофија. Колку повеќе слузницата се истанчува може да предизвика крвавење.

– Ендометријална хиперплазија – во оваа состојба слузницата на матката е задебелена. Тоа може да предизвика нерегуларно и силно (обилно) крвавење. ЕХ најчесто е предизвикана од вишок естрогени без доволно прогестерон. Во некои случаи клетките на слузницата на матката стануваат абнормални. Оваа состојба наречена атипична хиперплазија може да доведе до рак на матката. Кога ЕХ рано ќе се дијагностицира и третира, ендометријалниот канцер најчесто може да се спречи. Крвавењето најчесто е знак за ендометријален канцер кај жени по менопаузата.

Како се дијагностицира абнормалното крвавење?

За да се постави дијагноза кај абнормалните крвавења во перименопауза и по менопауза, вашиот гинеколог потребно е да ги направи следните испитувања:

– ендометријална биопсија – се користи тенко цевче, кое се вметнува во шуплината на матката, при што се земаат делови од слузницата на матката. Примероците потоа се испраќаат за анализа во хистопатолошка лабораторија.

– трансвагинален ултразвук – со ова испитување добиваме важни податоци: дебелина на слузницата на матката, нејзината морфологија, постоење на тумори на ѕидот на матката или во шуплината на матката и цисти или тумори на јајчниците.

– хистероскопија – тенката осветлена цевка со камера поставена на крајот се нарекува хистероскоп. Таа се внесува низ вагината и отворот на грлото на матката и се следат сите структури на каналот на грлото на матката и во внатрешноста на матката. На тој начин се визуализираат
сите евентуални промени на овие ткивни структури. Со оваа метода може да се земе материјал за анализа.

– киретажа –  овој метод претставува абразија на каналот на грлото на матката и посебно на шуплината на матката. Материјалот добиен од ваквиот метод исто така се испраќа на анализа во хистопатолошка лабораторија.

Третман

Третманот на абнормалните крвавења зависи од случајот. Ако се работи за полипи (израстоци), кои предизвикуваат крвавења, со операција истите се отстрануваат. Ендометријалната атрофија се третира со лекови, а ендометријалната хиперплазија може да биде третирана со прогестеронска терапија, која ја намалува дебелината на ендометриумот (слузницата на матката). Задебелениот ендометриум може да биде отстранет со хистероскопија или киретажа. Жените со ендометријална хиперплазија припаѓаат во група на висок ризик за ендометријален карцином. Тие треба да бидат подложени на регуларни ендометријални биопсии за да бидат сигурни дека хиперплазијата е добро истретирана и не поминала во карцином. Ендометријалниот канцер се третира со операција – отстранување само на матката или со отстранување на матката и на околните лимфни јазли.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!