Наглата промена на времето ги покачува слободните радикали во крвта

Промената на времето, која настапи вчера, го зема својот данок зголемен е бројот на пациенти, има и со мозочни удари.

При нагла промена на времето доаѓа до нарушување на антиоксидантниот статус во организмот, со тоа што се покачуваат слободните радикали во крвта. Ова зголемување ја предизвикува метеопатијата и се појавуваат симптоми од општ карактер како што се главоболка, несоница, општа малаксаност, зголемен крвен притисок, предупредува д-р Татјана Чепреганова-Чанговска, невролог во Клиничка болница „Аџибадем Систина" во Скопје.

Промената на времето, која настапи вчера, го зема својот данок зголемен е бројот на пациенти, има и со мозочни удари.

При нагла промена на времето доаѓа до нарушување на антиоксидантниот статус во организмот, со тоа што се покачуваат слободните радикали во крвта. Ова зголемување ја предизвикува метеопатијата и се појавуваат симптоми од општ карактер како што се главоболка, несоница, општа малаксаност, зголемен крвен притисок, предупредува д-р Татјана Чепреганова-Чанговска, невролог во Клиничка болница „Аџибадем Систина” во Скопје.

Кардиоваскуларните болести напаѓаат

Д-р Чепреганова-Чанговска, појаснува: Оваа симптоматологија, од своја страна, ја влошува здравствената состојба кај хроничните болни, особено кај кардиоваскуларните и респираторни болни. Co некои понови испитувања е докажано дека наглото нарушување на антиоксидантниот статус може да предизвика и некои акутни заболувања како што се цереброваскуларните акциденти.

Таа додава дека затоа се препорачува редовно земање на препишаната терапија збогатена со поголема количина антиоксиданси (во вид на таблети или преку исхрана).

Извор: Дневник

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!