Шеќерот стигнува до секоја клетка на мозокот, при што мозокот го прифаќа како „награда“. Затоа и кај вас се јавува желбата постојано да каснете нешто благо. Доколку припаѓате на групата луѓе кои се зависни од јадење благо прочитајте ги вистините за шеќерот и совети како да ја намалите зависност од благиот вкус.
Инстант енергија
Дали се чувствувате полни со енергија по јадењето на мало парче чоколадо ? Тоа е затоа што шеќерот кој го има во чоколадото – прости карбохидрати за брзо време преминуваат во вид на гликоза во крвта. На тој начин нивото на шеќер во крвта нагло се зголемува. Ваквите прости карбохидрати ги има и во овошјето и зеленчукот, но тие содржат истотака и растителни влакна и протеини кои го успоруваат процесот на трансфомрирање на карбохидратите во гликоза.
Нагло паѓање на енергијата
Телото бара начин да се ослободи од вишокот шеќер во крвта внесен преку чоколадото на тој начин што панкреасот лачи хормон инсулин. Како резултат на тоа нивото на шеќер во крвта доживува нагло паѓање на вредностите. Брзата промена на нивото на шеќер делува на тој начин што се чувствувате без енергија и нервозни во потрага по уште шеќер.
Сменете ги навиките
Всушност, вам не ви треба шеќер толку колку што вие мислите дека е потребно. Сменети ги навиките со тоа што ќе почнете да уживате во храна која и не е толку блага. Пробајте да ги прескокнувате благите оброци со тоа што ќе ги замените со парче овошје. За промена, денес не ставајте шеќер во кафето. Или пак, најдобро е да ги замените „лошите“ слатки со здрава храна. Со тек на време, ќе се намали вашата потреба за благ вкус.
Јадете храна богата со протеини и растителни влакна
Храната богата со протеини се вари побавно и ве прави сити подолго време, па затоа е и одличен избор за замена на слатките. Позитивен ефект ќе добиете и со внесување на храна богата со растителни влакна која на неколку начини може да ви помогне – ве држат сити и не го покачуваат нагло нивото на шеќер во крвта.
Лимитирајте ги и „здравите“ шеќери
Медот, кафеавиот шеќер и соковите иако звучат здраво, сепак содржат шеќер. Медот и нерафинираните шеќери имаат и нутритивни вредности, но сепак се и калорични.
Дознајте која храна има скриени шеќери
Шеќерот може да го има во храната во која најмалку сте очекувале. Дали знаевте дека кечапот и сосовите за скара содржат големи количини на шеќер ? Со цел да ги избегнувате намирниците богати со скриен шеќер, имајте навика да ги читате етикетите на храната која ја купувате.
Дали шеќерот предизвикува дијабетес?
Шеќерот сам по себе не предизвикува дијебетес. Но, секојдневно внесување на големи количини шеќер може да резултира со нарушување на лачењето на хормонот инсулин, така што сè што е во преголеми количини е штетно за организмот.