Витамин Д за силни коски и имунитет

Ако летниот период беше одличен за „крадење“ на сончевите зраци и зголемување на нивото на витаминот Д, есенските и зимските денови го губат најважниот  извор на овој витамин. Знаеме дека  витаминот Д е од голема важност, но што всушност прави тој и во колкава мера ни е потребен ? Последните истражувања даваат акцент на значењето на овој витамин во развојот на мозокот.

Витаминот Д помага организмот полесно да го апсорбира калциумот и преку тоа има значајна улога за густината и цврстината на коските. Бројни истражувања покажуваат дека витаминот Д помага во регулацијата и создавањето  на клетките одговорни за имунитетот со што влијае врз целиот имун систем. Недостигот на овој витамин може да предизвика слаби и лесно кршливи коски како и намалена мускулна сила кај повозрасните.

Кога треба да се земаат суплементи

Младите и здрави лица, кои се хранат здраво, вежбаат и често престојуваат надвор на сончеви зраци немаат потреба од суплементи. Суплементите се препорачуваат кај постарите лица, лица кои се во фаза на рехабилитација, малите деца како и оние кои имаат метаболни проблеми заради кои не може организмот да го искористи витаминот Д.

Дали постои ризик по здравјето ако се надминат нормалните вредности на витамин Д

Хипервитаминоза со витаминот Д може да доведе до зголемување на нивото на калциум во крвта, како и појава на бубрежни каменчиња како резултат на таложење на вишокот калциум.

Сонцето е здравје

Искористете го секое слободно време и излезете надвор. Секојдневната работа во канцелариски услови, неактивноста, недоволниот внес на здрава исхрана спаѓаат во ризик фактори за намален внес на витаминот Д. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!