Незаситените масни киселини се основа за здравјето на срцето и на целиот кардиоваскуларен систем. Помагаат во намалувањето на лошиот холестерол, ја подобруваат функцијата на мозокот, го намалуваат ризикот од згрутчување на крвта. Бидејќи организмот не може сам да ги создаде, потребно е да ги внесувате преку исхраната. Прочитајте која храна во својот состав содржи „добри“ масти кои делуваат позитивно на вашето здравје.
Риба
Рибите како лосос, скуша, харинга, пастрмка, сардина, туна се одличен извор на омега 3 масни киселини. Овие „добри“ масти го чуваат здравјето на вашето срце, а влијаат позитивно и на работата на мозокот. Ставете ја рибата на вашето мени два пати во неделата .
Авокадо
Благодарение на здравите масти, авокадото е супер храна за вас и вашето семејство. Делува позитивно на работата на срцето и ги олеснува симптомите на остеоартритис. Уште една причина зошто да јадете авокадо е фактот што кога го внесувате заедно со друга храна, му помага на организмот подобро да ги апсорбира и искористи хранливите состојки.
Семки
Семките од тиква, сончоглед, сусам се одличен извор на „добри“ масти кои помагаат во намалувањето на холестеролот. Затоа нашиот совет е уште денес, навиката на грицкање чипс да ја замените со семки кои по својот состав важат за вистински пријател на вашето здравје.
Јаткасти плодови
Богатиот извор на витамини, минерали и незаситени масни киселини ги прават јаткастите плодови број еден храна за здравје на срцето и кардиоваскуларниот систем. Содржат и Л-аргинин – супстанција што помага во подобрувањето на флексибилноста на ѕидовите на артериите и го намалува ризикот од згрутчување на крвта. Но, имајте во предвид дека овие плодови се исто така и доста калорични па затоа не смеете да ги јадете во големи количини на дневна база.
Маслиново масло
Користете го за готвење и за зачинување на вашата салата. Маслиновото масло е богато со омега 3 масни киселини кои на вашиот организам му се потребни. Внимавајте со употребата на другите масла, пробајте со тоа што ќе ја намалите двојно количината на масло напишана во рецептот.
Зеленчукот
Организмот не може сам да ги создаде омега 3 масните киселини. Помогнете му на тој начин што секојдневно ќе внесете зеленчук во вашата исхрана. Покрај здравите масти, зеленчукот содржи и растителни влакна кои помагаат во варењето на храната.
Јајца
Јајцата се исклучително богати со протеини и здрави масти. Одредени видови јајца содржат многу повеќе омега 3 масни киселини – таа информација можете да ја прочитате на пакувањето.