Какви симптоми даваат гинеколошките карциноми

Гинеколошките карциноми според бројот на регистрирани пациенти се едни од најчестите карциноми кои се јавуваат кај жената, веднаш зад карциномот на бели дробови, дојка и дебело црево. Постојат четири главни видови гинеколошки карциноми: eндометријален карцином, карцином на јајчници, на грло на матка и на вулва.

Гинеколошките карциноми според бројот на регистрирани пациенти се едни од најчестите карциноми кои се јавуваат кај жената, веднаш зад карциномот на бели дробови, дојка и дебело црево. Постојат четири главни видови гинеколошки карциноми: eндометријален карцином, карцином на јајчници, на грло на матка и на вулва.

Ендометријален карцином

Овој карцином се развива во ѕидот на матката, на ендометриумот и е еден од најчестите, но 80-90% од жените поминуваат добро бидејќи се открива во ран стадиум. 20% од жените кои имаат карцином на ендометриумот имаат зголемено крвавење, најчесто во менопаузата. Постојат инванзивни и неинванзивни тестови со кои може да се идентификува карциномот, а како главен третман се применува хирургијата вклучувајќи ја и хистеректомијата (отстранување на матката), но во некои случаи потребна е и зрачна терапија, хемотерапија или хормонска терапија.

Карцином на јајчници

Оваријалниот карцином е петти најчест канцер кој се јавува кај женската популација, а вториот најчест гинеколошки. Редовните гинеколошки и ултразвучни прегледи се најдобра превенција бидејќи со откривање во рана фаза, поголема е можноста за целосно излекување. Бидејќи овој карцином нема симптоми, подолг период расте во абдоминалната празнина и не и` пречи на пациентката. Затоа многу често се дијагностицира во напреден стадиум. Меѓутоа, надуеноста во стомакот, карличната и стомачна болка, брзото на заситеност, проблеми со мокрењето, болки при сексуален однос, болни менструации, гадење, повраќање се дел од симптомите за оваа болест. Кај пациентки кои се дијагностицирани во ран стадиум од болеста не е потребна друга терапија освен хируршка интервенција. Кај другите постоперативното лекување продолжува со хемотерапија или доколку се работи за локално напредната болест, лекувањето може да почне со хемотерапија, по што би следел хируршки третман.

Карцином на грло на матка

Овој вид карцином го зафаќа долниот дел од матката, односно цервиксот, кој ги спојува вагината со матката. Настанува кога на површинскиот слој од грлото на матката се појавуваат абнормални клетки наречени „преканцерози“. Станува збор за прекарциномни структури кои доколку не се дијагностицираат во почетниот стадиум, можат да преминат во карцином на матката. Основен одговорен фактор за оваа промена е ХПВ, познат како хуман папилома вирус. Хирургијата, зрачната терапија и хемотерапијата се методи што се користат во лекувањето на карциномот на матката. Во почетниот стадиум на карциномот во преден план се користи хируршки третман. Со него се отстранува карциномот во областа каде што е примарниот карцином на грло- то на матката и местата каде е можно ширење. Во напредните фази како основна форма на третман е зрачната терапија и хемотерапијата.

Карцином на вулва

Еден од најчестите симптоми за карцином на вулва е чешањето, болка или ранички, здебелена кожа на вулвата, печење. Факторите на ризик вклучуваат и ХПВ инфекција или постоење на генитални брадавици. Доколку овој вид карцином се открие рано, голема е веројатноста од негово излекување.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!