Непроодни јајцеводи

Јајцеводите се парни органи чија функција е да ја поврзат матката со јајчниците. Тие имаат битна улога во репродуктивниот систем кај жените бидејќи во нив се извршува оплодувањето на јајце клетката со сперматозоидот секој месец. Јајчникот ja ослободува јајце клетката, а јајцеводите ја прифаќаат и треба да ја транспортираат до матката. Во исто време сперматозоидот патува преку матката во јајцеводите каде се врши оплодувањето на јајната клетка. Оплодената јајна клетка – наречена зигот патува кон матката каде треба да се имплантира и да започне развојот на бременоста. За жал, голем број жени имаат проблем со непроодни јајцеводи, па кога тие се блокирани се спречува нормалниот транспорт на оплодената јајце клетка.

Причини

Најчести причини кои доведуваат до нарушување на проодноста на јајцеводите се: вагинални инфекции и воспаленија, инфекција со хламидија, долготрајна употреба на спирала или гинеколошки хируршки интервенции како што се инструментални ревизии заради несакана или неквалитетна бременост. Различни видови  бактерии, како и инфекции со хламидија може да бидат причинители на воспалителен процес на тубите. Тие најчесто се пренесуваат по сексуален пат, од вагината, грлото на матката до јајцеводите. Може, но не мора да има симптоми на воспалителен процес (болка, покачена температура). Ваквите воспалителни процеси најчесто трајно ги оштетуваат јајцеводите, па се причина за брачна неплодност или можност за вонматерична бременост. Други причини кои доведуваат до проблеми со јајцеводите се следниве абнормалности: вродени дефекти на матката и јајцеводите, ендометриоза, фиброиди и атхезии во матката.

Дијагноза

Хистеросалпингографија – оваа процедура најчесто се користи за да се провери дали има проблеми со јајцеводите. Со помош на рендген зраци се следи патувањето на контрасното средство, па така се прикажува просторот на матката, должината и изгледот на јајцеводите и нивната проодност. Се препорачува постапката да се направи неколку дена по завршувањето на менструалниот циклус. По хистеросалпингографија, плодноста кај младите жени се чини дека е малку подобрена дури и ако резултатите се нормални, можеби затоа што постапката привремено ги проширува  јајцеводите и ги измива со контраст. Докторот треба да почека одреден период за да се види дали пациентката ќе забремени по оваа постапка пред да продолжи си други дополнителни тестови за испитување на јајцеводите. Сонохистерографија – Оваа постапка понекогаш се користи за дополнително откривање на можни проблеми со јајцеводите и други абнормалности во карлицата. Се вбризгува раствор во внатрешноста на матката. Во исто време се прави ултрасонографија. При оваа постапка не се користат рендген зраци, но треба да се напомене дека не секогаш резултатите од оваа процедура се точни. Од ендоскопските методи како дијагностички или оперативни процедури се користат: хистероскопија и лапараскопија. Хистероскопија е дијагностичка или оперативна процедура со која се овозможува прегледност во внатрешноста на матката, се гледа енодметриумот и може да се земат примероци за хистопатолошка верификација. Лапароскопија е хируршка минимално инванзивна процедура со која се овозможува визуелизација и доколку е потреба операција на матката, јајцеводите и јајчниците. За изведување на оваа постапка се користи анестезија, а се изведува во операциона сала. Потребна е специјална опрема и најчесто минимум еден ден хоспитализација.  

Третман

Третманот на непроодни јајцеводи се врши оперативно со помош на лапараскопија или отворена хирургија. Тој зависи од причинителите кои доведеле до нарушување на проодноста. Со помош на хируршка интервенција може да се воспостави проодност, но најчесто функцијата останува нарушена па постојат реални можности за вонматерична бременост, затоа кај овие пациентки најчесто се ин витро оплодување.  

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!