Совети како да го подобрите варењето храна

Запек, чувство на надуеност, гасови, болки во стомакот, чувство на прејаденост. Овие и уште низа симптоми се знаци дека имате проблем со дигестивниот систем. Дали се работи за болест, стрес, неправилна исхрана или други лоши навики на живот, ќе дознаете доколку разговарате со вашиот доктор. Во продолжение дознајте како можете самите да влијаете во подобрување на дигестијата на храна и да си ги олесните симптомите. 

Запек, чувство на надуеност, гасови, болки во стомакот, чувство на прејаденост. Овие и уште низа симптоми се знаци дека имате проблем со дигестивниот систем. Дали се работи за болест, стрес, неправилна исхрана или други лоши навики на живот, ќе дознаете доколку разговарате со вашиот доктор. Во продолжение дознајте како можете самите да влијаете во подобрување на дигестијата на храна и да си ги олесните симптомите. 

Растителни влакна

За да го  спречите запекот и да ја подобрите активноста на цревата доволни се 20-35 грама растителни влакна на ден кои можете да ги внесете преку јадење цреши, грозје, пиперки, грав, производи со цели зрна, ореви и сл. Храната богата со растителни влакна е здрава и за срцето и за регулирање на шеќерот во крвта. Исто така, ве држи сити па на тој начин и ќе можете да ја одржувате тежината.

Користете гума за џвакање

Гумата за џвакање го поттикнува лачењето на плунката, која, пак, служи за подготовка на храната пред да навлезе во хранопроводот. Избегнувајте ја оваа навика доколку при џвакањето внесувате премногу воздух кој дополнително може да предизвика надуеност.

Намалете ја тежината

Со секој намален килограм сте чекор поблизу до подобар и побрз дигестивен систем. Намалувањето на обемот на половината ќе ви помогне да ги намалите киселините, надуеноста и подригнување. Направете добар план на исхрана и вежби и постигнете ја целта.

Преполовете го оброкот

Дигестивните проблеми намалете ги со тоа што ќе јадете помали оброци почесто во денот. Не јадете брзо бидејќи потребно е време за да се почувствувате сити.

Водата е ваш пријател

Течностите помагаат да ги исфрлите токсините и вишокот материи од организмот. Покрај внесувањето течности, внесувате вода во организмот и преку внесување храна која содржи вода.

Елиминирајте ја науденоста со вежби

Вежбите ги намалуваат проблемите на дигестивниот систем, посебно надуеноста и запекот. Физички активното тело има забрзана работа на цревата и на целиот систем со што за пократко време телото се ослободува од непотребните материи. Истовремено ќе го намалите и стресот, кој од друга страна делува негативно врз варењето на храната.

Пробајте со пробиотици

Пробиотиците се „добри“ бактерии. Ги има во јогуртот, сокови и суплементи. Посебно може да ви помогнат при дијареа, синдром на иритабилен мочен меур и инфламаторни заболувања на мочниот меур.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!