Висока температура

Висока температура е температура со вредности повисоки од нормалната телесна температура и претставува природен одговор на инфекции. Кога температурата на вашето тело ќе се зголеми неколку степени над нормалните вредности тоа е знак дека вашето тело се бори против инфекции и генерално не е причина за загриженост. 

Висока температура е температура со вредности повисоки од нормалната телесна температура и претставува природен одговор на инфекции. Кога температурата на вашето тело ќе се зголеми неколку степени над нормалните вредности тоа е знак дека вашето тело се бори против инфекции и генерално не е причина за загриженост. 

Всушност ова е знак дека вашето тело функционира нормално бидејќи има добро развиен систем за одбрана против микроорганизмите. Затоа не треба веднаш да земете лекарства за нагло да ја симнете температурата. За време на инфекција, придружни симптоми на температурата се треска, болки во зглобовите и мускулите, недостиг на енергија.

Што ја предизвикува високата температура?

Температурата не е болест туку симптом на некоја болест или состојба на организмот. Голем број заболувања може да бидат проследени со висока температура, но најчести причини се:

  • Настинка или грип
  • Воспаление на уво
  • Бронхитис
  • Стрептококна инфекција
  • Уринарни инфекции
  • Мононуклеоза
  • Стомачен вирус

Честопати може да имате висока температура а да немате други симптоми на болест. Имајте на ум дека температурата варира во текот на денот. Одредени состојби, како стрес, возбуда, физички напор, премногу облека, вежби, менструален циклус, одредени лекарства може да ви ја зголемат телесната температура.

Кој е најдобар начин да измерите температура?

Најдобар начин за мерење на телесната температура е да го поставите термометарот орално, ректално, аксиларно (под пазувата).

Совети при покачена температура

Кога имате температура губите течности па затоа потребно е да пиете голема количина течности и да одморате. Антипиретиците ќе ви помогнат да ја намалите температурата. Доколку вашето дете има температура обратете се на педијатар кој ќе ви даде стручни совети како да постапите.  Алармантна состојби што бара итна посета на лекар е доколку температурата е придружена со вкочанет врат, конфузија и раздразливост. Без разлика на висината на температурата, секогаш кога детето ви изгледа болно, задолжително направете консултација со лекарот на вашето дете и следете ги неговите упатства. Зголемената температура е само симптом на болест па потребно е да се пронајде причината и истата правилно да се лекува. Со нејзино излекување ќе дојде до нормализирање на температурата. Секое бебе помало од 6 месеци кое има температура треба истиот ден да посети педијатар. Кај бебињата од 6 месеци до 1 година, јавете се на доктор доколку температурата трае подолго од 24 часа.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!