Лимфниот систем е важен дел од имунолошкиот систем на организмот, тоа е одбрамбен систем на организмот против различни болести. Лимфните жлезди се дел од лимфниот систем во кои се филтрира лимфната течност, тука се зарджуваат и концентрираат вирусите и бактериите за да на крај ги уништат со помош на посебни бели крвни клетки наречени лимфоцити и макрофаги.
Кога се зголемуваат лимфните жлезди?
Зголемување на лимфните жлезди на едно место настанува тогаш кога постои здравствен проблем: инфекција, повреда или тумор во близина или во лимфните жлезди. Некогаш, во исто време, можат да бидат зголемени лимфни жлезди на повеќе места на телото. Во детската возраст, најчесто се зголемени лимфните жлезди во предел на вратот што зборува за постоење здравствен проблем во предел на усната шуплина, носот, грлото, синусите или меките ткива на лицето и вратот. Најчесто се тоа вирусни инфекции предизвикани од респираторни вируси и бактериски инфекции на горните дишни патишта и крајниците (ангина, воспаление на лигавицата на носот, ждрелото, синусите, воспаление на увото, забен кариес, воспалителни процеси на непцата).
Поретки причини се:
•Детските заразни болести (сипаници, рубеола и заушки), инфективна мононуклеоза (заболување предизвикано од Epstein Bar вирусот).
•Повреди, посекотини и каснување од инсекти во предел на лицето и вратот. Автоимуни болести како несакан ефект од некои лекови, несакан ефект од вакцинација протв мала сипаница, рубеола и заушки.
•Малигните болести се најретка причина, а стравот кај родителите најголем токму поради ова и за среќа во најголем број случаи останува без основа.
Во детската возраст, не ретко се случува, жлездите да останат по тврди и видливи и неколку недели отакако ќе помине болеста или инфекцијата. Тие често се забележуваат кај деца со лимфатична конституција, тоа се група на деца кои реагираат со зголемување на лимфните жлезди при банални инфекции. Кај нив имунолошкиот систем сè уште е во фаза на созревање па за да се спречи понатамошното ширење на инфекцијата, потребно е поголемо создавање на одбрамбени клетки во жлездите, нивна дополнителна работа и ангажман, кое клинички се манифестира со нивно зголемување. Кај деца со честа ангина и воспаленија но горнте дишни патишта, лимфните злезди на вратот се хронично воспалени. Тоа најчесто се гледа кај деца кои посетуваат детска градинка поради честата излозеност кон инфекции и кај деца со алергиски промени на лигавицата на дишното стебло.
Како се дијагностицира причината за зголемени лимфни жлезди
Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето, прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања (леукоцити и леукоцитна формула ).
Дополнителни иследувања за утврдување на точната дијагноза е потребно :
•Ако зголемената жлезда не се повлекува после неколку недели од нејзината појава
•Ако дојде до зголемување на истата во однос на предходните денови
•Ако стане потврда по конзистенција, болно осетлива на допир или неподвизна
•Ако постојат други пропратни симптоми на болест: болно осетливо грло, продолжена носна секреција, кашлица, зголемена телесна температура
•Ако постојат промени во општата состојба: намален апетит, губиток на телесна тежина, малаксаност, умор, ноќно потење вклучувајќи и чешање по кожата
•Ако се појавуваат модрици по телото без предходен удар
Лекувањето предвидува да се лекува причината што довела до зголемување на лимфната жлезда.