Сонцето прва причина за карцином на кожа

Карциномот на кожата е најчестиот вид на канцер. Овие типови на канцер се појавуваат на површинскиот слој на кожата и лесно можат да се излекуваат доколку се откријат порано. Најсериозниот тип на канцер на кожа е наречен малиген меланом, кој е најчесто се шири. Докторите објаснуваат дека со редовни самопрегледи и дерматолошки прегледи овој карцином може рано да се дијагностицира. 

Карциномот на кожата е најчестиот вид на канцер. Овие типови на канцер се појавуваат на површинскиот слој на кожата и лесно можат да се излекуваат доколку се откријат порано. Најсериозниот тип на канцер на кожа е наречен малиген меланом, кој е најчесто се шири. Докторите објаснуваат дека со редовни самопрегледи и дерматолошки прегледи овој карцином може рано да се дијагностицира. 

 

Ултравиолетовите зраци (UV зрачење) или прекумерна изложеност на сонце е најчестата причина за појава на овој тип канцер. Останатите се: користење на солариум; имуносупресија, оштетување на имунолошкиот систем кој го штити телото од бактерии или супстанци кои предизвикуваат алергиска реакција; изложување на високо ниво на радијација (зрачење) како и контакт со некои хемикалии, како што е арсенот, јаглеводороди во катран, масла или чад.

Кој има најголем ризик за појава на меланом?

Следнава група на луѓе е најподложна на канцер на кожа: луѓе со посветла кожа, особено на оние кои им се јавуваат изгореници и дамки при најмало изложување на сонце; луѓе со светла коса и сини или зелени очи; со генетски нарушувања кои го осиромашуваат пигментот, албинизам или ксеродерма пигмент ; лица кои веќе биле лекувани од канцер на кожа; луѓе кои имаат необични и големи миоми од самото раѓање; луѓе чии блиски членови од семејството имале канцер на кожа; оние кои имале најмалку една сериозна изгореница од сонце во текот детство или лица со изгореници кои не се поврзани со сончевите зраци; луѓе кои работат во затворени простории и се изложуваат на сонце само кога се рекреираат.
Карциномите на базалните и сквамозните клетки се појавуваат кај повозрасната популација додека меланомите се почеста појава кај помладата популација, особено од 25 до 29 годишна возрзст.

Симптоми на канцер на кожата

Симптомите на канцерот на кожа зависат од типот на канцер кој е развиен. Карциномот на базални клетки најчесто изгледа како мазна грутка во вид на бисер и се јавува на деловите од кожата кои се најизложени на сонце (главата, вратот или рамењата). Видливи се мали крвни садови во самиот тумор, честа појава на красти и крваеење и најчесто се јавува како неизлечива рана. Карциномот на сквамозни клетки најчесто се јавува како добро дефинирана густа црвена грутка која може да стане рана и да искрвари. Доколку не се лекува навреме може да се зголеми. Најголемиот дел од малигни меланоми се пигментирани лезии со кафена или црна боја. 

Може ли канцерот на кожа да се превенира?

Секако дека може. Најдобриот начин да се заштитите од ова заболување е да избегнувате прекумерно изложување на сонце. Медицински докажано е дека ултравиолетовите сончеви зраци (UV зраците) ја оштетуваат кожата и со тек на време доведуваат до појава на канцер. Еве неколку совети за превенција:
• Избегнувајте директно изложување на сонце во подолги периоди
• Носете капи кои ги заштитуваат лицето и ушите.
• Носете кошули со долги ракави и лесни панталони со долги ногавици за да ги заштитите рацете и нозете.
• Користете фактори за заштита на кожата од сончеви зраци. Факторот нанесете го 30 минути пред да бидете изложени на сонце.
• Носете очила за сонце
• Избегнувајте изложување на сонце во периодот помеѓу 10 – 16 часот
• Доколку забележите некаква промена на кожата веднаш консултирајте се со вашиот доктор

Како се лекува канцерот на кожа?

Овој вид на карцином се лекува со отстранување на лезијата како и здравиот дел на кожата кој се наоѓа непосредно до самата лезија. Најпрвин на оваа регија се обезболува со лекови. Потоа со мал нож се отстранува канцерот. Други третмани вклучуваат замрзнување (криотерапија), стругање и горење (електродесикација и киретажа) и радиотерапија. Колку порано се отстрани канцерот на кожата, толку е поголема веројатноста за негово целосно излекување.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!