Како да си помогнете доколку имате чувствителна кожа

Дали ви претставува вистински проблем да одберете крема за лицето? Честопати имате реакција по користење на нов  производ за козметика? Доколку се сомневате дали имате чувствителна кожа, поставете си ги следниве неколку прашања:

Дали ви претставува вистински проблем да одберете крема за лицето? Честопати имате реакција по користење на нов  производ за козметика? Доколку се сомневате дали имате чувствителна кожа, поставете си ги следниве неколку прашања:

  • Дали сте имале било каква реакција на повеќе од 3 производи за козметика како сапун, лосион, креми, шампони или слично?
  • Дали сте имале реакција на креми за сончање?
  • Дали сте внимателни при користење нов производ поради лошо искуство од некоја претходна слична реакција?
  • Дали сте чувствителни на парфеми?
  • Дали имате историја во семејството на алергии, астма, егзема? Тоа не значи дека со сигурност ќе имате чувствителна кожа, но го зголемува ризикот од појава на кожни алергии и иритација.

Доколку одговоривте позитивно на неколку прашања тогаш најверојатно имате чувствителна кожа.

Запомнете дека постои разлика помеѓу кожа која лесно се иритира и чувствителна кожа и сериозна алергија. Вистинска алергиска реакција се јавува кога вашиот имунолошки систем реагира на одредени супстанци предизвикувајќи црвенило, чешање и отоци. Кога станува збор за чувствителност на кожата, не станува збор за осетливост на одредена состојка туку колку често и во која количина ја употребувате. 

Како да си помогнете доколку имате чувствителна кожа

  • Користете производи кои се наменети исклучително за чувствителна кожа
  • Почитајте го составот на производите кои сакате да ги користите- колку повеќе хемија содржат, толку е поголема веројатноста од реакција.
  • Генерално најмалку хемија содржат органските производи, но имајте во предвид дека и екстрактите од билни растенија може да предизвикаат алергија.
  • Доколку забележите дека одреден производ предизвикува чешање или црвенило на кожата, веднаш прекинете да го користите.
  • Доколку забележите дека одредена козметика ви одговара на кожата, не експериментирајте со други козметики.
  • Доколку ви се појават реакции на кожата, не е препорачливо да користите антибиотски или било какви друг креми без претходно да се консултирате со дерматолог.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!