Речиси никогаш не помислуваме на нашиот `рбет пред да одиме во кревет. Но, начинот на кој спиете во голема мера може да влијае на непријатното чувство кое го имате во долниот дел на грбот.
Држете го `рбетот во природна положба
При изборот на душек, одберете таков што нуди добра поддршка на `рбетот и вратот. Доколку не се чувствувате удобно, користете перници за дополнителна поддршка.
Спијте на грб
Најдобра позиција за спиење е лежењето на грб. Спиењето на стомак одржува неприродна позиција на вратот. Препорачливо е лежењето на грб во текот на ноќта, бидејќи во оваа положба доаѓа до рамномерно распоредување на тежината на телото, и со тоа се намалува бројот на места на телото врз кои се врши притисок при лежењето.
Доколку, сепак, сте навикнати да спиете на страна
Континуираното спиење на една страна може да доведе до мускулна нерамнотежа, болка, а во некои случаи и сколиоза. Спиењето на иста страна со месеци доведува до суспендирање на средишниот простор помеѓу колковите и рамената. Сепак, доколку уживате да спиете на страна, поставете перници меѓу колената која ќе ги држи во иста линија колковите, карлицата и `рбетот.
Улогата на перницата
Без разлика во која положба ќе одлучите да спиете, секогаш користете перница под главата. Поставете ја под главата и вратот, без да ги опфаќа рамената. Ако спиете на грб, бидете сигурни дека перницата го исполнува просторот помеѓу вратот и душекот бидејќи на тој начин се одржува природна позиција на главата. Одберете повисока перница доколку спиете странично. Кога сте легнати на грб, задржете го вратот во правилна позиција со тоа што ќе го пополните просторот меѓу вратот и душекот со перница.
Конституцијата на телото ја одредува положбата на спиење
Ако вашите колкови се пошироки од половината, одберете помек душек кој ќе се прилагоди на ширината на карлицата и ќе му овозможи на рбетот да остане во природна позиција. Доколку колковите и половината се во релативно права линија, подoбра поддршка нуди поцврста подлога за спиење.